Свет
Пронајдени телата на двете девојки што ги однесе реката во Италија, потрагата по момчето се’ уште трае
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/reka-mladi.jpg)
Телата на двете девојки кои исчезнаа пред неколку дена заедно со млад човек кога ги однесе надојдената вода додека стоеја прегрнати, се пронајдени денеска околу пладне во реката Натисон во Премариакo.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Премариакo, Микеле де Сабата.
Станува збор за Бјанка Дорох, 23-годишна девојка која пристигнала од Романија пред неколку дена да ги посети родителите кои живеат во Удине, но и да се состане со своето момче Кристијано Касијано Молнар (25) кое живее во Австрија; и Патриша Кормос, која утрото пред да замине на брегот го положила испитот на Академијата за ликовни уметности во Удине.
Како што пишува италијанскиот Тикали, телата на девојчињата ги пронашле припадниците на Цивилната заштита на неколку стотини метри од местото каде што ги одвлекла поројната вода.
Потрагата по Кристијано продолжува. Како што соопшти градоначалникот Де Сабата, во потрагата се вклучиле и голем број волонтери и граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-094648.jpg)
Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да се самоубие фрлајќи се. Тој починал, а двете деца се во животна опасност.
Според првичните сознанија на истрагата, трагедијата се случила по расправија со нејзиниот партнер, околу 20 часот и 30 минути.
Полицијата постави безбедносен кордон на местото на настанот.
– Шокантно е, многумина од нас се шокирани – коментира жителка која се претставила како станарка на десеткатницата во која живее семејството.
Во подножјето на зградата бил поставен бел шатор и таму е преместено телото завиткано во бела церада, според новинарот на АФП.
Двајца сведоци истакнаа дека две деца паднале на тревникот. Според еден од нив, во моментот на трагедијата таму си играле деца.
– Слушнавме звуци, врисоци. Во еден момент гледаш дека некој лежи на земја, на асфалт, дете на земја, друго таму. Надреално е – изјави за АФП Софи, ресторан кој живее во блиската зграда.
Un homme jette ses deux enfants par la fenêtre et se suicide à Paris: ce que l’on sait https://t.co/XoS8QmSpKe pic.twitter.com/d3lmDKwnV1
— Le Soir (@lesoir) July 6, 2024
Регион
Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.
Eyewitnesses reported shaking in #Croatia 2 min ago (local time 04:26:32)⚠
At present, we have no seismic data confirming this crowdsourced detection.❗
More info soon! pic.twitter.com/Y4bYalWAuM— EMSC (@LastQuake) July 7, 2024
Земјотресот е регистриран во 4 часот и 26 минути во близина на Риека, на длабочина од еден километар.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ напишаа дека го почувствувале земјотресот, додека некои се разбудиле од сон.
„Ме разбуди силна вибрација и татнеж“, „Кратok и силeн тресок ме разбуди од сон. Ламинатите и мебелот чкрипат“, „Како да пукна бомба!“, „Добро се затресе“, Ме разбуди и ме исплаши!“, се само дел од коментарите на граѓаните.
Свет
(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-090811.jpg)
Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј, а локалните медиуми јавуваат дека австралиската полиција го истражува случајот како убиство.
Службите за итни случаи биле повикани на имотот во Лалор Парк, населба на околу 35 километри западно од центарот на Сиднеј, околу 1 часот по полноќ по локално време, соопшти полицијата, цитирана од Ројтерс.
На две момчиња, на возраст од две и четири години, им била укажана помош на местото на настанот, но починале набргу откако биле примени во болница.
По гаснењето на пожарот пронајдено е безживотно тело на десетмесечно девојче, соопшти полицијата.
Уште четири деца на возраст од шест до 11 години се во стабилна состојба во болница, како и нивната мајка, која се лекува од вдишување на поголема количина отровен чад.
Таткото, кој ги попречувал напорите на полицијата да влезе во имотот, бил уапсен и однесен во болница под полициски надзор.
„Детективите за убиства ја презедоа истрагата за овој случај, кој се третира како семејно убиство. Во моментов, се чини дека 28-годишен маж е одговорен за повеќекратни убиства“, рече портпаролот на полицијата Дени Доерти.
Од полицијата додаваат дека таткото намерно ја спречил полицијата да влезе во куќата и да им помогне на децата.