Свет
Пронајдени тела на британска двојка, убиството најверојатно го наредил братот на сопругата
Полицијата на Тајланд ги пронашла телата на британскиот милијардер и неговата сопруга. Телата биле закопани во близина на поток на нивниот имот во северниот дел на земајта. Британскиот милијардер и неговата тајландска сопруга пред неколку дена биле пријавени за исчезнати.
Станува збор за Алан Хог (64), пензионер, и неговата сопруга, Нод Саден (61).
Телата на британскиот милијардер Ален Хог и неговата тајландска сопруга денеска се пронајдени во нивната луксузна вила на Тајланд, една недела по убиството, за кое има сомневање дека го наредил братот на неговата сопруга, пишуваат дел од медиумите повикувајќи се на свои полициски извори.
64-годишниот Хог бил убиен од огнено оружје, а неговата сопруга Нод била усмртена со удари од чекан, изјави шефот на полицијата, Манас Кердусуко, за агенцијата „Франс прес“.
Телата биле пронајдени во дупки за кои се претпоставува дека биле ископани со раце, на имотот на нивната вила, лоцирани во провинцијата Фре, на северот од земјата, додаде тој.

Иследниците се сомневаат дека Варут Ратансадакит, постариот брат на сопругата на британскиот милијардер, наредил двојно убиство и ангажирал тројца извршители на кои им платил 50.000 фунти (околу 1.300 евра).
„Мотивот на ова злосторство е семеен и финансиски конфликт кој траел долго време меѓу парот и Варут Ратансадакит“, рече шефот на полицијата.
Двајца од тројцата вклучени убијци беа уапсени, а издадени се и две потерници за апсење за третиот осомничен, но и за братот на убиената Нод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

