Регион
Пронајдени 26 запалени тела во куќа во Атина, повеќето од луѓето биле прегрнати
Во дворот на една вила, во одморалиштето во Мати, 25 километри североисточно од Атина, пронајдени се 26 запалени тела. Како што пренесе тамошниот Црвен крст, се претпоставува дека во прашање се членови на семејство, а многумина биле прегрнати.
„За жал, пронајдовме 26 изгорени тела помеѓу две куќи, на местото Аргира Акти“, изјави Никос Економопулос од грчкиот Црвен крст за државната телевизија.
„Телата беа пронајдени на 15 метри од брегот, а полициските сили ја блокираа областа. Овие луѓе, најверојатно, се обиделе да побегнат до брегот, но огнот ги блокирал“, раскажува фотографот на новинската агенција АНА.
Огнената стихија што ја зафати околината на Атина не стивнува од вчера, а локалните медиуми и итните служби јавуваат дека бројот на жртви нагло се зголемува.
Инаку, досега се спасени 80-ина лица, а во операциите за гаснење на огнот ангажирани се повеќе од 200 пожарикари со употреба на 60 противпожарни возила. Според зборовите на портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос, 15 пожари избиле сумултано во три области околу Атина. Во катастрофата загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 100 се повредени. Осумина туристи се водат за исчезнати.
Сите најнови вести за пожарите во Грција следете ги ТУКА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.