Свет
Просечната температура би можела да порасне за 7 степени до 2100 година
Глобалните просечни температури би можеле да се зголемат за 7 степени Целзиусови над прединдустриското ниво до 2100 година, без оглед колку и да се обидуваат луѓето да го спречат тоа, тврди тим на француски научници во најновото моделирање на најлошото можно сценарио.
Порастот е повисок од најпесимистичките предвидувања од последните модели во 2012 година, кои предвидоа просечен пораст од 6 степени.
Моделирањето, во кое учествуваа три француски истражувачки институции, беше дел од меѓународните напори да се предвидат можните патеки за климатските промени.
Тие работеа на два климатски модели во кои применуваа различни сценарија на нивоа на гасови на стаклена градина и социо-економски ситуации. Од Институтот „Пјер Симон Лаплас“ во Париз истакнуваат дека алатките што им се достапни на научниците за да ги направат овие предвидувања се помоќни отколку пред седум години, кога беше направено последното моделирање.
„Сега имаме подобри модели. Тие имаат подобра резолуција и прецизно ги претставуваат тековните климатски трендови “, рече претседателот на институтот, Оливие Бушер.
Ова не е добра вест за Арктикот. Двата модела и сите сценарија покажуваат дека Арктикот ќе биде регионот каде што ќе се забележи најголем пораст на просечната температура, што би имало последици за остатокот од светот.
Сепак, научната заедница смета дека зголемувањето од 7 степени е малку веројатно, бидејќи накратко, се заснова на модели каде владите воопшто не прават промени во климатската политика.
Ова моделирање комбинира и неколку различни фактори, како што се високиот раст на населението, високиот економски раст и силното потпирање на фосилните горива, особено јагленот.
„Работите се движат во поглед на климатските политики, така што веќе не сме на оваа траекторија“, рече Паскал Браконот, специјалист за климатско моделирање и палеооклиматологија.
Сепак, за некои, подоброто сценарио е уште позастрашувачко. Во најоптимистичкото моделирање, на пример, покачувањето на температурата од 2 степени би се достигнало до 2040 година. Најновиот извештај на институтот предвидува сериозни последици од затоплување од 1,5 степени Целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

