Свет
Протерани двајца државјани на Северна Кореја, убиле 16 рибари

Јужна Кореја објави дека депортирала двајца државјани на Северна Кореја, откако било утврдено дека убиле 16 колеги рибари и избегале во Јужна Кореја.
Министерството за обединување на Јужна Кореја објави дека двајца државјани на Северна Кореја биле пронајдени во чамец јужно од морската граница.
Истрагата подоцна утврдила дека убиле 16 колеги и избегале во Јужна Кореја, се вели во соопштението на јужнокорејското министерство.
Портпаролот на Министерството, Ли Санг-мин, изјави дека тие денес биле протерани од Јужна Кореја и дека претходно за тоа бил известен Пјонгјанг, пренесе АП.
Деталите за убиството на рибарите сè уште не се познати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пакистанскиот премиер му се заблагодари на Ердоган

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кого го нарекол драг брат. Шариф му се заблагодари на Ердоган за неговата солидарност и поддршка на Пакистан во овој, како што вели, критичен момент.
Шариф, исто така, го информирал Ердоган за храбрите напори на пакистанската војска.
„Ќе ги заштитиме нашиот суверенитет и територијален интегритет по секоја цена. Пакистан е благодарен за напорите на Турција во промовирањето на деескалација и одржувањето на мирот во Јужна Азија“, рече тој.
Пакистан и Турција се блиски партнери. Во средата, турското Министерство за надворешни работи предупреди дека индиските ракетни напади врз Пакистан и пакистански Кашмир го зголемуваат ризикот од сеопфатна војна.
Европа
(Видео) Полски европратеник ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година, кога како член на полскиот парламент, тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Свет
Се трга по авион кој се урна во Чиле

Мал авион што превезувал пациент се урна недалеку од главниот град на Чиле, соопштија локалните власти.
Во авионот од типот „пајпер“ имало шест лица.
Контактот со авионот бил изгубен на 40 километри западно од главниот град Сантијаго, додека превезувал пациент до северната граница на Чиле.
Покрената е потрага во која учествуваат екипи на воздухопловните сили, полицијата и противпожарната бригада.
Авионот паднал на непристапен терен, на голема височина.