Свет
Професорот кој ги погоди резултатите од сите избори од 1984: Бајден ќе го победи Трамп
Иако гафовите му се чести, а појавувањата во јавност ретки, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден според анкетите има голема предност во пресрет на претседателските избори во САД во ноември.
Поради Ковид-19, Трамп не може да ги одржува своите омилени политички собири, но својата претседателска положба ја искористи да остане во центарот на вниманието на јавноста. Од друга страна, 77-годишниот Бајден се појави само на неколку настани во рамки на кампањата и поголем дел од времето го помина во својот дом во Вилмингтон во државата Делавер. Со ретките јавни настапи, Бајден ја минимизираше можноста да се зарази со коронавирус, но и да погреши. Па така, според анкетите, тоа му се исплатело.
Според страницата „Риал клиар политикс“, која дава просек на сите релевантни анкети на национално ниво, Бајден има 7,9 проценти предност пред Трамп.
Алан Лихтман, професор по историја на американскиот универзитет во Вашингтон, точно ги предвиде резултатите на сите американски претседателски избори од 1984 година, вклучително и изненадувачката победа на Трамп во 2016 година. Лихтман предвидува дека на изборите на 3 ноември ќе победи Бајден.
„Тоа воопшто нема врска со Џо Бајден. Тоа не зависи ниту од карактерот на Доналд Трамп“, рекол Лихтаман во интервју за АФП.
Тој својата прогноза ја темели на она што го нарекува „13 клучеви од Белата куќа“. Последниот „клуч“, наведува Лихтман, Бајден не го исполнува.
„Тој е многу сочувствителен и искрен човек, но не охрабрувачки“, рече тој.
Кон крајот на минатата година Лихтам рече дека Трамп има добри шанси за повторен избор.
„По тоа, тој направи огромна грешка затоа што мислеше дека може да ја избегне кризата што ја зафати земјата, пандемијата, кризата на социјална правда и економскиот пад“, рече Лихтман.
Покрај тоа, убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика протести низ целата земја против расната неправда и полициската бруталност. Одговорот на Трамп на пандемијата и протестите беше сериозно критикуван, а поддршката за Бајден порасна на анкетите.
„Со својата многу воздржана кампања, Бајден го насочи вниманието на претседателот Трамп“, вели Кристофер Артетон, професор за политички менаџмент на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.
„Поради начинот на кој Трамп управува со кризи, многу гласачи го сменија ставот од ‘неодлучен’ во ‘нема да гласам за него’“, додава Артертн.
И покрај раководството на Бајден, Лихтман и Артертн не сметаат дека победата на Бајден е сигурна.
„Тој (Трамп) ќе стори сé, тој е бескрупулозен“, вели демократот Лихтман.
И покрај неговата пресметка, Лихтман сè уште не е сигурен во победата на Бајден поради две работи што не влегуваат во неговите „клучеви“.
Првата е дека Трамп ќе стори сé за да го отежни гласањето, бидејќи верува дека тоа нема да биде во негова корист, а втората е „руска интервенција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

