Свет
Пукање во училиште во Мемфис, рането момче во критична состојба

Момче е тешко повредено при пукање што се случи во училиште, објави полицијата од градот Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси.
Според полицијата, пукањето било пријавено во училиштето Камингс, каде одат ученици од предучилишна возраст до осмо одделение, пренесуваат американските медиуми.
Ранетото момче е пренесено во болница во критична состојба, а властите објавија дека бараат друго момче за кое се верува дека пукало.
Не е објавена возраста на осомничениот напаѓач и жртвата.
Училиштето во округот Шелби е затворено, а родителите се известени за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Европа
Медведев: Наместо да зборуваат за мир, тие ѝ се закануваат на Русија

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на веста за собирот на европските лидери во Киев.
„Макрон, Мерц, Стармер и Туск требаше да разговараат за мир во Киев. Наместо тоа, тие упатуваат закани до Русија.
Или примирје за бандеровските орди да дојдат до здив или нови санкции. Мислите дека тоа е паметно? Ставете си ги тие ваши мировни планови во вашиот за*ник“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Свет
Пакистан и Индија се согласија на моментален и целосен прекин на огнот, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social.
„По долга ноќ преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на моментален и целосен прекин на огнот. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето внимание!“ напиша Трамп.
Индија и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот и почеток на разговори за широк спектар прашања, потврдија високи функционери од двете земји.
Пакистанскиот вицепремиер Ишак Дар изјави дека двете земји се согласиле на моментален прекин на огнот, додавајќи: „Пакистан отсекогаш се залагал за мир и безбедност во регионот, без да прави компромиси со својот суверенитет и територијален интегритет!“