Свет
Пукање пред синагога во Виена, има повредени, полицаец во животна опасност
Во Виена вечерва е извршен напад во близина на синагога, а според првичните информации, ранет е полицаец кој ја обезбедувал зградата.
Според некои австриски медиуми, повредени се неколку луѓе, а полицаецот е во животна опасност.
„Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку куршуми во близина на Шведенплаца. Локалните медиуми јавуваат и дека луѓе бегале од тој дел од градот кога ги слушнале пукотниците.
Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелира до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови.
Се наведува дека сторителот е во бегство, но засега не е јасно дали има повеќе напаѓачи бидејќи има информации дека имало тројца. Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат терористичко пукање.
„Има неколку повредени лица“, објави полицијата на „Твитер“.
„Ние сме на самото место со сите расположливи сили. Ве молиме, избегнувајте ги сите јавни плоштади во градот“, се вели во полициското соопштение.
Голем број полицајци се на самото место, како и брзата помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

