Свет
Путин: Ги знаеме имињата на агентите на ЦИА кои ги водат украинските неонацисти да вршат злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин упати сериозни обвинувања против Украина и САД, велејќи дека западното разузнавање им дава инструкции на украинските неонацисти.
– Борците од украинските ултранационалистички баталјони, интегрирани во Националната гарда, се вклучени во жестоки злосторства против заробени руски војници, украински цивили, па дури и припадници на украинската армија – рече Путин.
Владимир Путин рече дека Русија ги знае имињата на западните разузнавачки служби кои ги „насочуваат“ украинските неонацистички борци, кои се поттикнуваат да вршат криминални дејствија, како што се плановите за атентат на руски новинари.
– Бидејќи не успеваат да ги постигнат своите цели во рускиот информативен простор, измамувајќи ги сопствените граѓани, се разбира користејќи ја својата монополска позиција во информацискиот простор во нивните земји и во некои други земји, но не успеваат во Русија, преминаа на политика на терор. – подготовки за убиство на нашите новинари – рече Путин.
– Треба да се напомене дека ги знаеме имињата на оние од западните служби, пред се, се разбира, од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), кои работат со украинската безбедност – рече Путин на брифинг со руските обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.