Свет
Путин: Горбачов е човек што влијаеше на текот на светската историја
Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе 90. роденден на првиот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, нарекувајќи го исклучителна фигура на модерната ера, која имала значително влијание врз текот на историјата.
Телеграмата на Путин до Горбачов, кој го слави јубилејот на 2 март, беше објавена на веб-страницата на Кремљ.
„Примете ги моите честитки по повод 90. јубилеј. Вие со право припаѓате на плејадата извонредни луѓе, исклучителни државници од модерната доба, кои имале значително влијание врз текот на татковинската и светската историја“, рече рускиот лидер.
Претседателот додаде дека професионалното и животно искуство, енергија и творечки потенцијал му помагаат на Горбачов да учествува во јавна, едукативна работа, како и во посветувањето внимание на реализацијата на меѓународните хуманитарни проекти.
Горбачов беше на чело на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година како генерален секретар на Комунистичката партија на СССР, а потоа и како претседател на СССР. По потпишувањето на беловешките договори во декември 1991 година, тој објави дека ја напушта функцијата претседател.
Крајот на Студената војна, повлекувањето на трупите од Авганистан, но и распадот на советската економија и распадот на земјата, се поврзани со владеењето на Горбачов. Тој исто така придонесе за колапс на комунизмот во источноевропските земји.
Горбачов е добитник на Нобеловата награда за мир во 1990 година. Неговата кандидатура беше предложена од германските власти како знак на благодарност за ставот на Горбачов во врска со обединувањето на Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.