Свет
Путин го доби писмото од Трамп
Американскиот републикански сенатор Ренд Пол го предал писмото од претседателот Доналд Трамп адресирано до неговиот руски колега Владимир Путин во Кремљ за време на неговата посета на Москва.
Во писмото се рагледува можноста за нова средба и разговори на највисоко ниво меѓу двете земји, но се нагласува и важноста од понатамошен ангажман во разни области вклучувајќи ја и борбата против тероризмот, зајакнување на парламентарната соработка и продолжување на културната размена.
Портпаролот на Путин, Димитри Песков, за руските новински агенции потврдил дека писмото било примено преку дипломатски канали и оти се очекува претседателската администрација набргу да го добие.
Посетата на Ренд Пол на Москва доаѓа во чувствително време во американско-руските односи. И Трамп и Путин си упатија покани еден на друг за средба во нивните главни градови. По средбата во Хелсинки, не е закажана нова средба, а од Белата куќа соопштија дека ќе ја одложат посетата на Путин во Вашингтон до 2019 година до кога се очекува да биде завршена истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање на претседателските избори во 2016.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

