Свет
Путин: Досега Киев не покажа подготвеност за територијални отстапки и мир
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Киев не покажа подготвеност за територијални отстапки и мир.
„Засега Русија не ја гледа подготвеноста на Киев да ги разгледа територијалните прашања. Киев одбива мирно да го заврши конфликтот. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши мирно“, рече Путин на почетокот на годишната прес-конференција, каде што му поставуваа прашања новинари и граѓани.
Тој потсети дека во 2022 година, кога сè достигна пресвртна точка кога киевскиот режим ја почна војната во Донбас, Русија нагласи дека ќе биде принудена да ги признае ЛНР и ДНР, објави „Спутник“.
„Сè почна со државниот удар во Украина“, рече Путин одговарајќи на прашањето на водителот за тоа на кој начин ќе се постигнат целите – војна или мир.
Тој рече дека украинските власти тогаш одбиле да ги повлечат своите трупи и да ги спроведат договорите од Истанбул, а сега одбиваат мирно да го решат конфликтот.
„Сепак, Москва гледа одредени сигнали дека Киев е подготвен да се вклучи во дијалог“, нагласи рускиот претседател. Кога станува збор за ситуацијата на фронтот, Путин рече дека повеќе од половина од украинските населби се под контрола на руски војници, пренесува „Танјуг“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека за двете недели по отворањето на линијата, собрани се речиси три милиони прашања за Путин и дека конференцијата директно ја следат речиси 600 новинари.
Од 2001 година одржани се 18 одделни телефонски линии и 16 прес-конференции, ова е 22. пат како се одржува годишната конференција на Путин.
Фото: депозитфотос
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

