Свет
Путин: Евроазиската унија може да стане моќен независен пол на мултиполарниот свет
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Евроазиската економска унија ги има сите можности да стане еден од моќните независни полови на мултиполарниот свет, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.
„Унијата ги има сите можности да стане еден од моќните, независни полови, кои формираат мултиполарен свет, да биде центар на привлечност за сите независни држави што ги споделуваат нашите вредности и се стремат кон соработка со евроазиската економска заедница“, се наведува во соопштението, пренесува „Спутник“.
Претседателот на Русија сегашната задача за Унијата ја нарече намалување на ризиците создадени од употребата на странски валути и платежни системи во меѓусебната трговија.
Исто така, според зборовите на шефот на руската држава, усогласувањето на финансиските пазари треба да создаде поволни услови капиталот на земјите членки да остане во рамките на асоцијацијата и да се инвестира во националните економии.
Владимир Путин повика и на проширување на врските на Евроазиската економска унија, вклучително и преговори за слободна трговија со Обединетите Арапски Емирати и Индонезија.
„Имаме намера да направиме сè што можеме за да помогнеме да се заврши работата на слични договори со Египет, Иран и Индија, како и да се активираат нови преговарачки патеки, вклучително и со Индонезија и Обединетите Арапски Емирати“, напиша Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

