Свет
Путин: Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток.
На панелот со рускиот претседател се и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, и потпретседателот на Кина, Хан Женг.
Путин зборуваше најмногу за економски теми, но се осврна и на војната во Украина, односно т.н. специјални воени операции. Рускиот лидер, меѓу другото, рече дека што се однесува до потенцијалните преговори со Украина, Русија разбира со кого има работа. „Тие ги прекршуваат обврските. Москва бара форми и гаранции, кои ќе функционираат“, рече тој.
Путин потсети и дека се договорени речиси сите параметри за евентуален мировен договор, но по посетата на Борис Џонсон, Украина се откажа од сѐ. Киев и Западот планираа да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија, но не успеаја, додаде тој.
„Елитите на САД и некои европски земји сакаа да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија. Мислеа дека тоа ќе се случи бргу. Тогаш ќе ги постигнат своите стратешки цели кон кои се стремат со векови или децении“, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека е во постојан контакт со лидерите на Кина, Бразил и Индија, кои искрено сакаат да ја разберат ситуацијата во Украина.
„Западот мислеше дека ќе ја фрли Русија на колена и ќе ја распарчи, но не успеа“, рече рускиот лидер додавајќи дека на власт во Украина се или вонземјани или странци, кои го прават тоа не размислувајќи за државата. „Русија секогаш ќе ги штити интересите на луѓето во Украина, кои се борат за рускиот јазик и традициите“, рече тој.
Тој ги нарече нападите на нуклеарната централа „Курск“ многу опасни терористички напади. „Можете да замислите што ќе се случи во овој дел од Европа ако почнеме да реагираме со иста мерка“, рече претседателот.
Како резултат на нападот врз регионот Курск, руското општество се консолидира, зголемен е бројот на луѓе што потпишуваат договори со вооружените сили, рече Путин и додаде: „Целта на непријателот беше да нѐ направи нервозни, да пренесе војници од една област во друга и да ја запреме нашата офанзива во клучните области, пред сѐ, во Донбас, чие ослободување е наша примарна цел“, рече Путин.
Руската армија ја стабилизира ситуацијата и почна да го турка непријателот од пограничните територии.
„Противникот префрли доста добро обучени единици во нашите погранични области и на тој начин ги ослабна своите сили во клучните насоки. Нашата армија ги забрза офанзивните операции“, рече Путин посочувајќи дека противникот трпи огромни загуби во жива сила и опрема.
Загубите на противникот како резултат на овие дејства може да доведат до губење на борбената способност на целокупните вооружени сили на Украина, што е она што Русија го сака, нагласи Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

