Свет
Путин: Зголемен е извозот на оружје

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека извозот на руското оружје продолжува да се зголемува во претходната година и позицијата на Москва на светскиот пазар за оружје продолжува да се зајакнува, и покрај санкциите од Западот.
Годинава се испорачани оружје и опрема во вредност до 13 милјарди долари, рече Путин, и додаде дека тоа е за повеќе од две милијарди во однос на истиот период од минатата година, пренесе „ТАСС“.
Путин додаде дека ситуацијата на пазарите на оружје треба постојано да се анализира и дека треба да се води сметка за променливите барања на купувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг Ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се случи сериозна несреќа што Ким ја нарече „криминален чин што не може да се толерира“, објави денес државната агенција КЦНА.
Ким, кој беше сведок на неуспешното лансирање на разурнувачот, ја осуди несреќата како „небрежност што го наруши достоинството на земјата“, нареди бродот да биде обновен пред клучниот состанок на владејачката партија во јуни.
Во извештајот не се споменува дали имало жртви.
A serious accident occurred on Wednesday during the launch ceremony of #NorthKorea's newly built 5,000-ton destroyer.#KimJongUn, who was watching the ceremony at the scene, said "It was a criminal act caused by absolute carelessness, irresponsibility, and unscientific… pic.twitter.com/XTIDHAYdmk
— Ifeng News (@IFENG__official) May 22, 2025
КЦНА соопшти дека инцидентот во пристаништето Чонгџин на истокот од земјата бил предизвикан од губење на рамнотежата за време на спуштањето на бродот и дека делови од дното на воениот брод биле смачкани, но не даде дополнителни детали за претрпената штета.
„Ким Џонг Ун даде строга проценка, велејќи дека станува збор за сериозна несреќа и кривично дело предизвикано од апсолутна невнимание, неодговорност и ненаучен емпиризам што е надвор од границите на можното и не може да се толерира“, објави КЦНА.
Ким рече дека несреќата „го довела до колапс достоинството и самопочитта на нашата држава“, додавајќи дека итна поправка на разурнувачот „не е само практично прашање, туку политичко прашање директно поврзано со авторитетот на државата“.
🇰🇵 Nothing makes a father happier than showing the new “innovative destroyer” to his daughter on a pier walk.
“Kim Jong-un and his daughter enjoying a stroll near the DPRK's new 5,000-ton destroyer-class warship.” pic.twitter.com/loy8EKlfAQ
— Lord Bebo (@MyLordBebo) April 27, 2025
Реткото јавно објавување на несреќата следи по извештаите за лансирање на друг разурнувач со слична големина во април, на кој Ким присуствуваше во бродоградилиште на западниот брег на земјата.
Свет
Трамп се огласи по пукањето во Вашингтон: Омразата и радикализмот немаат место во САД, сочувство до жртвите

Американската државна обвинителка Пам Бонди на прес-конференција по пукањето пред Еврејскиот музеј во Вашингтон, во кое беа убиени две лица, изјави дека неколку пати разговарала со претседателот Доналд Трамп.
„Во име на претседателот, неговите молитви се со сите нас – со еврејската заедница, со сите во Вашингтон и со државните, локалните и федералните агенции, како и со нашата одлична американска обвинителка Џанин Пиро, која ќе го води овој случај“, рече Бонди.
Трамп објави порака со сочувство до семејствата на убиениот пар на Truth Social кратко потоа.
Американскиот претседател Доналд Трамп им упати сочувство на семејствата на двајца вработени во израелската амбасада кои беа убиени во пукање во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон.
„Овие ужасни убиства во Вашингтон, очигледно мотивирани од антисемитизам, мора веднаш да престанат! Омразата и радикализмот немаат место во САД. Сочувство до семејствата на жртвите. Жално е што вакви работи воопшто се случуваат! Нека Бог ве благослови сите“, напиша претседателот на Truth Social.
Свет
(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон.
Маж и жена беа застрелани во областа во северозападниот дел на градот, во близина на музеј.
„Двајца вработени во израелската амбасада беа бесмислено убиени вечерва во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во објава на Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека тој и неговиот тим биле известени за пукањето.
„Додека работиме со Одделот на метрополитенската полиција за да одговориме и да дознаеме повеќе, ве молиме молете се за жртвите и нивните семејства“, напиша тој на Икс.
Генералниот обвинител Пам Бонди и американската обвинителка за округот Колумбија, Џанин Пиро, беа на местото на пукањето.
Одделот на метрополитенската полиција одби да коментира, велејќи дека наскоро ќе се одржи прес-конференција.