Контакт

Европа

Путин и Ердоган разговараа за противвоздушниот систем С-400

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин разговараше во Кремљ со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган за испораката на противвоздушен систем С-400 и други проекти, во рамките на билатералната воена соработка, соопшти руското претседателство.

dobivaj vesti na viber

Путин изјави дека со Ердоган разговарал за зајакнување на воената и техничката соработка помеѓу двете земји и додаде дека прв чекор во таа соработка е испораката на системите за противвоздушна одбрана С-400 во Турција.

Ердоган, кој престојува во Русија, трет пат од почетокот на годината, повтори дека првата испорака на С-400 ја очекува во јуни.

Администрацијата на САД побара од Турција да избере помеѓу рускиот С-400 и американските авиони Ф-35. Американците потоа ја сопреа испораката, по одлуката на Анкара која се определи за руската воена опрема.

САД и другите членки на НАТО наведоа дека рускиот систем не е компатибилен со сојузничките системи и дека претставува закана за безбедноста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Лукашенко за мирот во Украина: Путин е подготвен, проблемот е кај Европејците и кај Зеленски

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини лидерите на Европската Унија за попречување на мировните напори во Украина велејќи дека Русија е подготвена да ги почитува договорите постигнати со САД, но дека напредокот сега зависи од Киев и од неговите поддржувачи, објави РТ.

dobivaj vesti na viber

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина треба да се реши преку траен договор, а не преку привремено прекин на огнот. Сепак, според Москва, Киев „отворено покажува дека нема интерес за долгорочен мир“.

„Русија е подготвена да ги спроведе договорите постигнати со Американците. Веќе разговаравме за ова со претседателот Путин неколкупати. Проблемот е кај Европејците и кај Зеленски“, изјави вчера Лукашенко.

За време на состанокот со американскиот претставник Џон Коул претходно во текот на денот, Лукашенко нагласи дека ниеден американски лидер не вложил поголеми напори за да обезбеди мир во светот од Трамп.

„Сакам да му се заблагодарам на вашиот претседател за напорите што ги вложува за мир, првенствено во нашиот регион“, рече Лукашенко додавајќи дека Белорусија е подготвена „да застане покрај Трамп и да му помогне во оваа мисија“.

Белорускиот лидер посочи дека додека Вашингтон се залага за решавање на конфликтот, Брисел и Киев сè уште го посакуваат поразот на Русија на бојното поле инсистирајќи дека таквата цел е нереална и никогаш нема да се случи.

Лукашенко исто така ја критикува Полска за подгревање на тензиите како дивјаци откога Варшава ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала претходно оваа недела.

Тој рече дека белоруските сили пресретнале дел од авионите и однапред ја предупредиле Полска за други, но за возврат добиле само хистерија, според RT.

Руските и белоруските претставници повеќепати го обвинија Брисел за поткопување на мировната иницијатива на Трамп со тоа што го туркаат Киев кон она што Москва го нарекува невозможни барања.

Москва, треба да се потсетиме, бара Украина да остане неутрална, да остане надвор од НАТО и другите воени сојузи, да се демилитаризира и денацифицира и да ја прифати сегашната територијална реалност – вклучувајќи го и статусот на Крим и другите региони.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Објавено пред

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија руските власти и медиумите во петокот наутро. Првичните извештаи сугерираат дека нападите предизвикале пожари на брод во пристаништето Приморск и во објектот на „Лукоил“ во Смоленск, објавува „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Александар Дрозденко изјави дека повеќе од 30 беспилотни летала биле соборени над регионот Ленинград. Тој рече дека остатоците паднале на неколку локации во Тосно, град оддалечен 53 километри од Санкт Петербург, но рече дека немало жртви или голема материјална штета. Делови од беспилотните летала се пронајдени и во селата Всеволожск, Покровскоје и Узмино.

Дрозденко исто така потврди дека нападот предизвикал пожар на брод во пристаништето Приморск, најголемото руско пристаниште за товарење нафта на Балтичкото Море. Тој нагласи дека пожарот бил бргу изгаснат и дека нема ризик од потонување или истурање нафта. Заканата со беспилотни летала привремено го затвори аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург предизвикувајќи одложувања или откажувања на речиси 50 лета.

Главниот град исто така беше цел на напади
И главниот град на Русија беше цел на напади. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку девет украински дрона биле соборени во близина на градот. Тој на „Телеграм“ изјави дека службите за итни случаи биле испратени на местата на урнатините, но не даде детали за локациите или евентуалната штета.

Во исто време, руските канали на „Телеграм“, повикувајќи се на извештаи од жители, објавија експлозии во населбите Можајск и Дедовск во Московскиот Регион, западно од градот.

Пожар во фабриката „Лукоил“
Нов бран дронови го погоди и рускиот град Смоленск. Гувернерот на Смоленската област, Василиј Анохин, потврди дека дејствуваат противвоздушни единици, но не даде дополнителни информации.

Жителите пријавија експлозии, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пожар во блискиот објект на „Лукоил“, со густ чад и пламен што се издига од непозната локација.

Украинската војска сè уште не ги коментира нападите. Украина наводно ја променила својата стратегија за беспилотни летала во последните месеци за да ги попречи руските воздушни операции и да ја направи војната видлива за руското население.

Нападот се случи само неколку дена откога Русија изврши рекорден напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, како и инцидент во кој руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украински воен пилот загина за време на борбена мисија

Објавено пред

Олександр Боровик, 30-годишен пилот од 39-та украинска тактичка авијациска бригада, загина вчера додека извршуваше борбена мисија во секторот Запорожје на фронтовската линија, потврди неговата бригада.

dobivaj vesti na viber

Боровик летал околу 13:30 часот по локално време кога се случил инцидентот. „Причините и околностите за неговата смрт се под истрага. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Олександр. Вечно сеќавање на Херојот“, се вели во соопштението.

Во краткото соопштение не се наведува што се случило со воениот авион, но со оглед на тоа што пилотот бил убиен, се претпоставува дека авионот бил уништен.

Русија моментално контролира околу 70% од Запорошката област, но главниот град на областа, Запорожје, останува под украинска контрола.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија56 минути

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија1 час

Учениците од училиштата во близина на Трубарево една недела ќе следат настава онлајн, кажа Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека основните училишта што се наоѓаат во непосредна близина на местото на пожарот во...

Македонија2 часа

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија2 часа

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија3 часа

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...

Македонија5 часа

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ6 часа

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија6 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет7 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија7 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија16 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија17 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија20 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија20 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија21 час

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија23 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија1 ден

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија1 ден

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...