Свет
Путин наложи истрага по смртта на руските морнари во подморницата

Рускиот претседател, Владимир Путин изрази вечерва жалење за смртта на 14-те морнари, кои загинаа во пожарот што изби во подморница на руската војска и додаде оти наложил истрага за несреќата.
„Ова е голема загуба за морнарицата и за целата војска“, изјави Путин кој попладнево по информацијата за несреќата се сретна со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
Руската војска претходно денеска соопшти дека 14 морнари загинале во пожарот во подморницата.
Министерството за одбрана наведе дека пожарот избил вчера додека подморницата изведувала тестови во руските територијални води.
Наведено е дека огнот бил изгаснат благодарение на екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп вели дека има намера да направи фер договори за сите

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека има намера да постигне фер договори за сите, откако објави тримесечна пауза на сите т.н. реципрочни царини, со исклучок на Кина.
Претходно денес, американскиот министер за финансии рече дека одлуката на Трамп да ги паузира царините ќе даде време за преговори за нови трговски договори.
„Ќе се направи договор со Кина. Ќе се направи договор со секој од нив, и тие ќе бидат фер договори. Јас само сакам фер. Ќе бидат фер договори за сите. Но тие не беа фер за САД,“ рече тој пред новинарите пред Белата куќа, пренесува „Си-ен-ен“.
Трамп објави дека ги зголемува царинските стапки за Кина на 125 отсто, откако Пекинг денес најави дополнителни царини како одговор.
Трамп тврдеше дека луѓето ја искористуваат нивната земја и ги крадат со децении, иако не прецизираше за кои земји зборува.
Свет
(Видео) Во уривањето на покривот на ноќниот клуб загинаа 124 лица, меѓу нив и славна пејачка во Доминиканската република

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република се искачи на 124 лица, соопштија денеска властите, додека потрагата по преживеани станува се побезнадежна.
Повеќе од 150 луѓе се спасени од урнатините, но властите не пронајдоа преживеани од вчера попладне по локално време. Хуан Мануел Мендез, шеф на оперативниот центар за итни случаи на Доминиканската Република, рече дека на спасувачите им требаат дополнителни 24 до 36 часа за да ја завршат својата потрага.
Nightclub ceiling collapses in the Dominican Republic, killing at least 15. pic.twitter.com/LxJKpIp5qy
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 8, 2025
Екипите за итни случаи распоредија тешка механизација за да ги забрзаат спасувачките напори. Несреќата се случила околу 45 минути по полноќ за време на концертот на популарната доминиканска пејачка Руби Перез, која е меѓу загинатите, според менаџерот и членовите на семејството. На настанот присуствуваа политичари, спортисти и други познати личности. Телото на Перез беше пронајдено утрово.
Во колапсот загинаа и поранешните играчи на МЛБ, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти.
Нелси Круз, гувернерот на северната провинција Монте Кристи, е меѓу жртвите, изјави претседателот Луис Абинадер. Круз беше сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен MLB All-Star. Во несреќата загина и синот на министерот за јавни работи и врски.
Свет
Кинезите се горд народ, вели Трамп, но уверен е оти сакаат да постигнат договор

САД гледаат „огромен ентузијазам од други земји, вклучувајќи ја и Кина,“ изјави претседателот Доналд Трамп попладнево, по објавата за 90-дневна пауза на сите, како што ги нарекува, реципрочни царини, со исклучок на Кина, за која царините ќе се зголемат на 125 отсто.
„Кина сака да направи договор. Тие само не знаат точно како да пристапат. Знаете, тоа е една од тие работи – не знаат точно… Тие се горд народ“ им рече тој на новинарите за време на настан во Белата куќа, пренесе „Си-ен-ен“.
„А и претседателот Си е горд човек. Го познавам многу добро, и тие не знаат баш како да пристапат. Но ќе го разберат тоа. Во процес се на разбирање, но сакаат да постигнат договор.“
САД во првичната објава ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД.
Претходно денес, Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина, за која ги зголеми на 125 отсто. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека објавата на претседателот Доналд Трамп за зголемување на царините за Кина на 125 отсто е поради нивното инсистирање на ескалација. Зголемувањето на царината од страна на Кина, тој го нарече автогол.