Свет
Путин: Најтешко ми беше да управувам со хеликоптер

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на средба со студентки од последната година на Вишата воена авијациска школа во Краснодар изјави дека најтешко му е да управува со хеликоптер.
„Се обидов да летам со хеликоптерот и ми се чини дека е најкомплексен за ракување. Причината за тоа е што има многу чувствително кормило кое реагира на милиметарски движења и хеликоптерот лета, десно. Покрај тоа, многу е тешко да се најде прецизно место за слетување“, рече Путин.
Рускиот претседател истакна дека воената авијација сега извршува многу сериозни и многу важни задачи на бојното поле.
Тој објасни дека хеликоптерот е најкомплексниот со кој се обидел да управува, освен оние со кои пилотирал.
Во 2012 година, Владимир Путин учествуваше во експеримент кога пилотираше со мотоделтапланер (вид на моторизиран змеј), пренесува Спутник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Папата испрати порака од болничкиот кревет

Папата напиша порака од болничкиот кревет и ја посвети на Украина.
Тој напиша дека продолжува со лекувањето и дека лекарите во болницата Гемели ја имаат целосната доверба.
„И одморот е дел од терапијата. Искрено им благодарам на лекарите и здравствените работници од оваа болница за грижата што ми ја покажуваат и посветеноста со која ја вршат својата служба меѓу болните“, се вели во неговата порака.
„Утре ќе биде третата годишнина од големата војна против Украина – болна и срамна прилика за целото човештво. Додека ја повторувам мојата солидарност со напатениот украински народ, ве повикувам да се сеќавате на жртвите од сите вооружени конфликти и да се молиме за мир во Палестина, Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, Киву и Судан.
Последниве денови добив многу љубовни пораки, а особено ме трогнаа писмата и цртежите од децата. Ви благодарам што сте со мене и за молитвите за утеха што ги добив од целиот свет“, гласи пораката на Папата, во која тој ги повикува сите да се молат за него.
Европа
(Видео) Русија изврши масовен напад со беспилотни летала низ Украина пред годишнината од војната

Русија изврши масовен напад со 267 дронови на Украина. „Ова е најголемиот број беспилотни летала употребени во еден напад од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година“, изјави Јуриј Игнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили.
Повеќе од половина од беспилотните летала беа соборени од противвоздушна одбрана. Украинските сили соборија 138 беспилотни летала, додека 119 исчезнаа од радарите. Русија истрела и три балистички ракети. Според украинските власти, беспилотни летала биле пресретнати во најмалку 13 региони, меѓу кои Харков, Полтава, Суми, Киев, Чернихив, Миколаев и Одеса.
Во нападите во Херсон загинаа две лица. Уште едно лице почина во Криви Рих, индустрискиот град во кој порасна украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Би-би-си јавува дека три дрона летале кон Белорусија, а еден кон Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 200 беспилотни летала во вечерашниот напад, најмногу од почетокот на војната и повика на единство меѓу сојузниците на Украина.
Every day, our people stand against aerial terror. On the eve of the third anniversary of the full-scale war, Russia launched 267 attack drones against Ukraine — the largest attack since Iranian drones began striking Ukrainian cities and villages. In total, nearly 1,150 attack… pic.twitter.com/YvCNuZorvX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 23, 2025
„Нашиот народ секојдневно се бори против воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од војната во полн обем, Русија лансираше 267 беспилотни летала во Украина, најжестокиот напад откако иранските беспилотни летала почнаа да ги напаѓаат украинските градови и села“, напиша тој на Икс.
Европа
Фаворитот за следен канцелар, Мерц гласаше во Арнсберг

Најверојатниот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц од Христијанско-демократската партија (ЦДУ) гласаше во Арнсберг. Овој град со средна големина во покраината Северна Рајна-Вестфалија е негова изборна единица.
Областа околу тој град е позната како демохристијанско упориште. На последните избори во 2021 година, луѓето овде директно го избраа Мерц за претставник во Бундестагот со поддршка од повеќе од 40 проценти.
Ова беше и враќање на Мерц во Бундестагот по долго отсуство од сојузната парламентарна сцена, пишува Дојче веле.