Свет
Путин на средба со Лавров: Проширувањето на НАТО на исток е многу опасно

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој во таа пригода оцени дека проширувањето на НАТО на исток е бесконечно и многу опасно.
На почетокот на денешната средба со Лавров, Путин рече дека руското Министерство за надворешни работи треба да ги претстави своите ставови за одговорите добиени од Русија на предлозите испратени до американските колеги во Вашингтон и колегите од НАТО во Брисел, а кои се однесуваат на безбедносни прашања во Европа, пренесува ТАСС.
Путин побара и мислење од Министерството за надворешни работи на Русија за одговорите на Западот на загриженоста на Русија во врска со „бескрајното и многу опасно проширување на НАТО на исток“ на сметка на поранешните републики на Советскиот Сојуз, вклучително и Украина.
Лавров рече дека добил незадоволителни одговори на писмото што го испратил до десетици членки на Европската Унија и НАТО за прашањето на неделивата безбедност наведувајќи го приговорот на Русија дека Украина и западните земји ја зајакнуваат својата безбедност на сметка на Русија и спротивно на меѓународните договори.
Russian Foreign Minister Sergei Lavrov told President Vladimir Putin that there was a "chance" of reaching an agreement on security with the West, in what appeared to be a possible climbdown amid tensions over Ukraine https://t.co/TALO6tk47j
— RTÉ News (@rtenews) February 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Храброста на едно дете ги спаси заробените деца во Брчко“: децата не знаеле ниту каде се наоѓаат

Запуштени и сместени во куќа на периферијата на Брчко, имало 31 дете, претежно девојчиња. Многу од децата не ни знаеле каде се, ниту каде се нивните родители, вели извор за N1 Сараево. Уапсени се осум лица, а што планирале осомничените со децата е прашање што ја вознемирува пошироката јавност во БиХ, но и во Хрватска, бидејќи кај некои од децата биле пронајдени пасоши од таа земја. Децата ги спасила чиста среќа и храброста на едното дете, кое успеало да излезе од куќата и ги спасило сите останати.
Еден од родителите, наводно, вчера дошол да си ги земе децата и рекол дека живее во Бања Лука, а неговата сопруга е во Хрватска. Децата кои се хрватски државјани не се на списокот на исчезнати деца, а нивните родители се уапсени.
Обвинителството на округот Брчко на БиХ издаде соопштение во врска со куќата на ужасите во која беа пронајдени вкупно 31 дете. Во соопштението се наведува дека окружната полиција Брчко на БиХ денеска во просториите на Окружното обвинителство Брчко на БиХ донела вкупно осум (8) лица кои во претходните два дена биле лишени од слобода.
Во текот на денот, в.д. обвинител сослуша три лица кои на 25.02.2025 година беа лишени од слобода, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со деца“ од чл.207б и кривично дело „Напуштање или злоупотреба на дете“ од чл на БиХ.
Свет
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри

Здравствената состојба на папата Франциско денеска повторно се подобри, иако прогнозите остануваат претпазливи поради сложеноста на клиничката слика на 88-годишниот поглавар на Римокатоличката црква, соопшти Ватикан.
„Клиничката состојба на Светиот Отец продолжи да се подобрува денеска“, соопшти прес-службата на Ватикан, пренесе Анса.
Во соопштението се додава дека папата денеска наизменично ја менувал терапијата со кислород со висок проток и употребата на терапијата Вентимакс.
Свет
Лукашенко: Русија никогаш нема да се согласи да испрати европски мировни сили во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Русија никогаш нема да се согласи да испрати европски мировни сили во Украина.
„Што се однесува до испраќањето мировни сили во Украина, Русија никогаш нема да се согласи со тоа. Барем таков е ставот на Русија денес. Особено затоа што раководството на Европската унија, пред се во форма на Германија и Франција, моментално зазема многу агресивна позиција“, рече белорускиот лидер во интервјуто со американскиот блогер Марио Науфал, пренесува агенцијата Белта.
Тој рече дека без Украина „никој нема да ги реши прашањата за Украина“, а, како што наведе, рускиот лидер Владимир Путин ја потврдил подготвеноста за преговори за решавање на ситуацијата во Украина, вклучително и со украинската страна.
Белорускиот претседател претходно изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина за време на преговорите за Украина.
„Не знаеме што сакаат САД. Ова го велам затоа што сум апсолутно навлезен во овие прашања. Не знаеме што ќе бараат од Русите за крај на војната и слично. Ми се чини дека сега ќе се обидат да ги свртат Русите против Кинезите“, рече Лукашенко, според неговата прес-служба.