Свет
Путин: Првата ракета „Сармат“ ќе ѝ биде достапна на армијата до крајот на годината

Првата ракета „Сармат“ ќе ѝ биде достапна на армијата до крајот на годинава, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета ‘Сармат’. Планирано е првиот комплекс да биде употребен во армијата до крајот на годината“, рече Путин за време на разговорите со кадетите од воените средни училишта што ги прими во Кремљ.
Според карактеристиките, дострелот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски експерти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Извори: Трамп верува дека нема многу избор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е неопходно да се онеспособи нуклеарниот погон Фордо на Иран, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на повеќе извори.
Според овие извори, Трамп е свесен за ризиците и придобивките од евентуално бомбардирање на постројката и неговиот став е дека „нема многу избор“.
„Тој верува дека нема многу избор“, изјави еден извор за „Си-би-ес“. „Завршувањето на работата значи уништување на Фордоу“, додаде тој.
Како што претходно објавија американските медиуми, Трамп со денови ја разгледува евентуалната вмешаност на САД во ескалирачкиот конфликт. Во среда, тој им рече на новинарите дека сè уште не донел конечна одлука.
„Си-би-ес“ додава дека Трамп, според информациите од четврток наутро, сè уште разгледува опции и сè уште не донел цврста одлука.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи им порача на Израелците: Немојте да се приближувате до воени локации

Министерот за надворешни работи на Иран ги повика Израелците да избегнуваат да бидат во близина на „воени и разузнавачки локации“ додека Иран продолжува да извршува напади.
Абас Арагчи напиша на Икс дека иранската војска „прецизно“ елиминирала израелски штаб на команда, контрола и разузнавање и „уште една витална цел“. Тој истакна дека „ударниот бран“ предизвикал „површинска штета“ на блискиот медицински центар Сорока, за кој тврди дека лекувал повредени израелски војници во Газа.
Израел тврди дека Иран директно ја нападнал болницата, додека Иран вели дека нападнале команден центар во близина на медицинскиот центар. „Стотици невини Иранци се убиени ладнокрвно откако Израел ја започна својата нелегална војна против иранскиот народ минатата недела“, рече Арагчи.
„Нашите моќни вооружени сили ќе продолжат да напаѓаат криминалци кои го напаѓаат нашиот народ сè додека не престанат и не платат за нивната криминална агресија против нашата нација“, додаде тој.
Министерот за надворешни работи на Иран утре ќе отпатува во Женева, Швајцарија, за да се сретне со европските колеги на разговори. Дипломат за Си-ен-ен изјави дека разговорите ќе се фокусираат на „што може да се постигне“ за да се стави крај на конфликтот.
Свет
„Волстрит журнал“ објави дека американскиот претседател одобрил планови за напад врз Иран; Трамп: Тие немаат поим!

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит журнал“ дека одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба.
„Си-би-ес њуз“ вчера објави слични информации.
Трамп се огласи на својата сметка на социјалните мрежи „Трут Соушл“ за накратко да каже: „’Волстрит журнал’ нема поим какви се моите мисли за Иран!“