Свет
Путин предлага заострување на критериумите за поседување оружје
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека треба да се заостри критериумот за цивилно поседување оружје.
Тој изрази уверување дека Истражниот комитет ќе ги утврди сите околности на трагедијата во училиштето во Казан, кога за време на пукањето загинаа девет луѓе, а 23 беа повредени.
„ Во исто време, верувам дека за да се спречат ваквите злосторства, потребно е значително заострување на условите под кои граѓаните можат да поседуваат оружје и да ја зајакнат контролата над огненото оружје што го поседуваат цивилите“, рече Путин.
Според него, сите службени лица кои издаваат дозволи за поседување оружје и ги обезбедуваат потребните документи на сопствениците на оружје, треба да имаат лична одговорност, пренесува ТАС С.
„ Мораме да ги елиминираме ситуациите кога луѓето, на пример, можат да купат медицински сертификати, понекогаш дури и без преглед“, рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Лавров: Западот сам се изолира, поттикнува антируска хистерија
Западот, обидувајќи се да ја изолира Русија, дозволи крајно срамни ситуации на мултилатерални настани, а на крајот дојде до самоизолација на западниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија активно ја развива дипломатијата со она што сега го нарекува „глобално мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка, истакнувајќи дека Западот, всушност, сам се изолирал. Лавров, исто така, ги критикуваше европските политичари дека поттикнуваат антируска хистерија.
Свет
Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.
По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.
На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.
Фото: Depositphotos

