Свет
Путин: Русија мора да стане светски лидер во опсегот на примена на вештачка интелигенција
Русија треба да стане светски лидер во однос на опсегот на примена на вештачката интелигенција во сите сфери на животот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија мора да стане светски лидер не само во создавањето, туку и во однос на опсегот на примена и навлегувањето на вештачката интелигенција во сите сфери на нашиот живот без исклучок“, рече рускиот лидер на пленарната сесија на меѓународната конференција АИ „Патување во светот на вештачката интелигенција“ во седиштето на Сбербанк во Москва.
Како што истакна, ограничувањата наметнати на руската економија ги поттикнуваат домашните компании да најдат нови решенија и „тоа го прават“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг на неговата инаугурација следниот месец, објави Си-би-ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори.
Поканата за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон беше упатена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември и не е јасно дали е прифатена, објави Си-Би-Ес. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.
Трамп во неодамнешното интервју за Ен-би-си Њуз рече дека „многу добро се сложува“ со Кси и дека тие неодамна комуницирале.
Новоизбраниот американски претседател најави дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, освен ако Пекинг не направи повеќе за да ја запре трговијата со наркотичниот фентанил кој предизвикува голема зависност. Тој, исто така, се закани со царини од повеќе од 60% за кинеските производи додека беше на кампањата.
Кон крајот на ноември, кинеските државни медиуми го предупредија Трамп за неговото ветување дека ќе воведе дополнителни царини за кинески стоки поради протокот на фентанил може да ги втурне двете најголеми светски економии во меѓусебна деструктивна тарифна војна.
Свет
(Видео) Мал авион се урна на автопат во Тексас, при падот удри во три автомобили
Мал двомоторен авион „Пајпер ПА-31“ се урна на автопатот во Викторија во американската сојузна држава Тексас, јавуваат американските медиуми.
Несреќата се случила околу 15 часот по локално време. Авионот во кој бил само пилотот, при падот удрил во три автомобили, при што едно возило се превртело. При падот се скршил на половина, оставајќи остатоци расфрлани на патот. Дел од остатоците од авионот се пронајдени на врвот на еден од оштетените автомобили.
NEW: Small plane crashes into three cars at a Texas intersection
The Victoria Police Department responded to a crash at the intersection of Zac Lentz Parkway and Mockingbird Lane
A twin-engine Piper Navajo struck three cars on the roadway and split in half at the fuselage… pic.twitter.com/8du65v0COl
— Unlimited L's (@unlimited_ls) December 12, 2024
Локалните медиуми јавуваат дека четири лица се пренесени во болница, каде три од жртвите се со повреди кои не се опасни по живот, додека едно лице е тешко повредено.
Сепак, не беше прецизирано дали пилотот е меѓу пренесените во болница.
Twin-engine plane slams into busy Texas intersection, injuring five
A Piper Navajo PA-31-350 crashed into three vehicles at a busy intersection in Victoria, Texas, on Wednesday afternoon.
According to the FAA, only the pilot was aboard the aircraft.
Victoria police reported… pic.twitter.com/tfrKjKmKPV
— John Metzner (@JohnRMetzner) December 12, 2024
„Ова не е нешто што го гледаме секој ден, но ни е мило што луѓето се добро и нема жртви“, рече заменик-началникот на полицијата во Викторија, Елин Моја.
Регион
Осум деца од Бања Лука се повредени додека го изведувале предизвикот „Супермен“
Најмалку осум деца во областа на Бања Лука и Лакташ се повредени додека го изведувале „Супермен предизвик“ на ТикТок.
Претходно, на тројца ученици од петто одделение од ОУ „Свети Сава“ во населбата Лауш во Бања Лука, им беа скршени двете раце кога го изведоа „Супермен предизвикот“.
Мирослав Попржен, директор на основното училиште „Свети Сава“, кој е и претседател на Здружението на директори на основни училишта од регионот Бања Лука, изјави дека овој немил настан е резултат на предизвикот „Тик Ток“ што децата ги изведувале во училиштето.
„Децата играа непримерни игри, при што едно девојче падна и ги скрши рацете. Децата го видоа предизвикот и го направија тоа, без да размислуваат за последиците“, вели Попржен.
Како што рече, важно е родителите на основците внимателно да ги следат содржините што ги гледаат нивните деца на социјалните мрежи.