Свет
Путин: Руската армија ќе ги докрајчи украинските вооружени сили
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има причина да се верува оти руските трупи ќе ги докрајчат украинските вооружени сили.
„Руските трупи ја имаат стратешката иницијатива по целата линија на фронтот. Неодамна реков дека ќе ги притиснеме, но има причина да веруваме дека ќе ги докрајчиме“, рече Путин во четвртокот за време на обиколката на нуклеарната подморница „Архангелск“ во рамките на работната посета на Мурманск, пренесува „РИА новости“.
Тој оцени дека воведувањето привремена администрација во Украина ќе овозможи да се одржат „демократски избори и да се донесе легитимна влада на власт“, со која потоа ќе може да се преговара за мир.
„Со оваа влада Русија би можела да почне преговори за мировен договор и да потпише документи што ќе бидат признати во целиот свет и кои ќе бидат сигурни и стабилни. Сега Русија не е јасно со кого треба да потпише нешто бидејќи утре ќе дојдат други лидери. Но, ова е само една опција. Не велам дека други не постојат. Но, ова е една од можностите и таква практика постои во работата на рускиот претседател“.
Зборувајќи за можностите за решавање на конфликтот во Украина, Путин потсети дека практиката на надворешно управување или привремена администрација е користена неколкупати во рамките на мировните активности на ОН, на пример, во Источен Тимор, Нова Гвинеја и во некои делови од поранешна Југославија.
Според него, бидејќи минатата година немало претседателски избори во Украина, граѓанските власти во земјата сега се нелегални.
„Ова може да доведе неонацистичките групи ефективно да ја преземат земјата“, посочи тој.
Путин истакна дека руските војници ослободиле 99 отсто од територијата на Луганск и над 70 отсто од територијата на регионите Донецк, Запорожје и Херсон.
Тој посочи дека Русија постепено, но упорно и самоуверено се движи кон реализација на сите цели на, како што наведе, „специјалните воени операции“.
Како што оцени, кураторите од Европа ја убедиле Украина да ја продолжи војната до последниот Украинец за да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија.
„Нивните куратори пристигнаа од Европа, особено од Велика Британија. Поранешниот премиер Борис Џонсон го убеди украинското раководство дека е неопходно да се продолжи вооружената борба до последниот Украинец во суштина со цел да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија“, рече Путин.
Тој рече дека Русија е посветена на мирно решение на украинскиот конфликт.
„Дури и кога конфликтот влезе во вжештена фаза во 2022 година, ние сепак предложивме сите прашања да се решат по мирен пат“, посочи Путин и додаде „дека Русија не е земјата што ги почна непријателствата“.
Според него, Русија е подготвена да преговара со Европа за решавање на конфликтот во Украина, но ЕУ се однесува неконзистентно и постојано се обидува да ја влече за носот Русија.
„Патем, ние сме подготвени да работиме со Европа за решавање на конфликтот во Украина, само тие се однесуваат неконзистентно. Постојано се обидуваат да ни го влечат носот“, но во ред е, веќе сме навикнати. Се надевам дека нема да правиме грешки врз основа на прекумерна доверба во нашите таканаречени партнери“, вели Путин.
Рускиот лидер рече дека Западот не разбира каков е рускиот народ.
„Западните лидери очигледно заборавија или навистина не разбираат кој е рускиот народ, каков е во душите и срцата на нашиот народ кога станува збор за безбедноста на татковината“, рече Путин.
Тој изјави дека и Русија и светот внимателно го следат напредокот на руско-американските преговори.
Тој истакна дека Русија има стратешки баланс со САД и дека ќе ја развие својата флота навремено и внимателно.
„Имаме стратешка рамнотежа со САД. Ќе се однесуваме со најголемо внимание. Ќе направиме сѐ навремено“, заклучи претседателот на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

