Свет
Путин се премисли, Русија продолжува да учествува во договорот за жито

Русија продолжува да учествува во договорот за транспорт на жито преку Црното Море, објави Министерството за одбрана на земјата.
Русија доби писмени гаранции од Украина дека нема да го користи коридорот за жито за воени операции против Руската Федерација, соопшти Министерството додавајќи дека Украина официјално ја уверила Москва оти поморскиот хуманитарен коридор ќе се користи само во согласност со одредбите на Црноморската иницијатива.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, му се јавил на својот турски колега Хулуси Акар и го информирал дека договорот за коридорот за жито ќе продолжи како досега од среда.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата привремено го суспендираш своето учество во договорот за жито по нападите врз руските бродови за кои тврдеше дека ги извршила Украина со помош на Велика Британија, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Путин е на страната на војната, секој што веруваше поинаку е измамен

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека оние кои верувале поинаку сега се самите одговорни за своите заблуди.
„Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мироти оние кои веруваа дека тој има желба за мир, самите беа измамени“, рече Макрон на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, пренесува „Фигаро“.
Денес, Туск и Макрон потпишаа договор за пријателство и зајакната соработка, а францускиот претседател го опиша „француско-полското пријателство“ како „срдечен сојуз“.
Сличен договор веќе е потпишан меѓу Франција и Германија, Италија и Шпанија.
Претседателот на Франција повтори дека „виталните интереси“ на Франција, врз основа на нејзината стратегија за нуклеарно одвраќање, се поврзани и со интересите на нејзините „главни партнери“ во Европа.
„Од 60-тите години, со изјавите на генералот де Гол, европската димензија на оваа стратегија за одвраќање е потврдена и постојано ја потврдуваат сите мои претходници, а јас самиот го правев тоа“, потсети Макрон.
Тој изјави дека ќе оди во Украина во „соодветен момент“, но не прецизираше дали ќе биде присутен на самитот на европските лидери што се одржува овој викенд, јавува BFM TV.
„Во вистинскиот момент, ќе одам таму. Од многу разбирливи причини, за ова ретко се зборува однапред“, рече Макрон.
Неколку часа претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одржување на самит на европските лидери во Украина овој викенд.
На овој состанок ќе се собере „коалицијата на добронамерните“, која е составена главно од европски земји и има за цел да му обезбеди воена помош на Киев, како и да постави рамка за воспоставување траен мир во Украина.
Самитот на европските лидери во Украина следува по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот за „безусловен 30-дневен прекин на огнот“ во Украина, што треба да доведе до „траен мир“.
Макрон ја поздрави оваа изјава и изрази желба да „дејствува во оваа насока без измама и без одложување“, пренесува Танјуг.
Свет
Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на церемонијата на Црвениот плоштад како единствен присутен лидер на Европската Унија.
„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно денес, Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката по прашања од областа на одбраната и енергијата.
Договорот, кој опфаќа прашања од одбраната, енергијата, нуклеарната енергија и транспортот, ги обврза на меѓусебна помош во случај на воена закана.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.