Свет
Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа
Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција „Интерфакс“.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но секако ќе се разговара и за натамошната координација на пазарот на нафта, додаде Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Цени во грчките ресторани, кафулиња и маркети: оваа сезона тие се малку повисоки од минатата година
Голем број туристи веќе уживаат на плажите ширум Грција, а оние кои летуваат во популарниот олимписки регион велат дека цените на храната и пијалоците во маркетите, рестораните и кафулињата го следат европскиот тренд на раст во Европа, па оваа сезона тие се малку повисоки од минатата година.
Цените на овошјето и зеленчукот на пазарите во Лептокарија се генерално слични на македонските, па доматите, краставиците и кромидот може да се најдат за само едно евро за килограм, а компирите и тиквичките за помалку од едно евро.
Лубеницата може да се купи по цена од 0,6 евра за килограм, дињите за 1,50 евра, а вишните за 1,90 евра. Лимоните се две евра, кајсиите и јаболката од 1,50 евра па нагоре, додека праските од 2,50 до 2,75 евра.
Цената на грчкото кафе во повеќето кафулиња и ресторани се движи од 1,80 до 2,50 евра, еспресото и капучиното се меѓу 2 и 3 евра, а нес кафето е околу 3 евра. Најниската цена за половина литар пиво е четири евра, за толку може да се испие чаша вино, додека за жестоки пијалоци треба да потрошите најмалку пет евра.
Лежалките и чадорите во сопственост на кафулињата се бесплатни доколку нарачате пијалок, а во некои од нив оваа поволност можете да ја користите цел ден. Некои кафулиња имаат правило дека не мора да плаќате за лежалка и чадор ако нарачате една пијачка наутро, а друга попладне.
Во супермаркетите шише вода од 1,5 литри чини меѓу 0,3 и 0,5 евра, додека пакување од шест такви шишиња чини 1,70 евра. Најевтиниот леб може да се купи за 0,9 евра, литар млеко е од 1,8 до 3,5 евра, додека цената на јајцата е меѓу 0,23 и 0,45 евра за парче. Цената на сирењето е од 6 до 15 евра за килограм, маслинките од 4,50 до 7 евра, а литар маслиново масло од 13 до 17 евра.
Просечната цена на една порција лигњи во рестораните е околу десет евра, иста цена како пилешко и свинско сувлаки, како и свински стек и пилешко филе. Цената на тестенините се движи од пет до десет евра, додека пиците од 4,5 до 11 евра.
Омилената храна на туристите кои летуваат во Грција е гирото, а на почетокот на летово пита со гиро чини меѓу 3,80 и 4 евра, додека порцијата во ресторан е до 10 евра. За оние кои сакаат да јадат нешто „од нозе“ има и хот-дог кој чини од 2,50 до 3,50 евра.
Топка сладолед чини две евра, за две топки треба да платите 3,50 евра, а за три 4,50 евра.
Свет
Четири лица загинаа во поплавите во Кина
Четири лица загинаа во поплавите предизвикани од силниот дожд што го погодија округот Шангханг во источнокинеската провинција Фуџијан, соопштија денеска локалните власти.
Од недела до понеделник, 15 општини во округот доживеаја 24-часовни врнежи од дожд кои ги надминаа сите претходни рекорди, соопшти локалниот штаб за контрола на поплавите и сушата, пренесе Ксинхуа.
Според прелиминарните статистички податоци, во поплавите во споменатиот округ беа погодени 66.498 лица.
Свет
ДВ: Луфтханза ќе сервисира и воени авиони
Поради големата побарувачка за експерти за одржување на воени авиони, германската авиокомпанија Луфтханза неодамна го формираше одделот за одбрана LHT. Во основа се согласи на преквалификација и усовршување на работници од други области.
LHT е деловна единица за одржување и поправка на германска Луфтханза, таа се грижи за повеќе од 800 клиенти ширум светот и има повеќе од 20.000 вработени, пишува Дојче веле.
Како што е наведено, често се регрутираат експерти од компании кои работеле како добавувачи на делови, а чии производи повеќе не се барани поради преминот кон електрични автомобили.