Свет
Путин: Западот се обиде да ја отфрли Русија со воведување санкции, но тие немаат ефект
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека фактот што Западот „слепо верува во сопствената неказнивост“ се заканува да стане трагедија и дека повиците на некои странски политичари да ја поразат Русија го покажуваат нивниот „екстремен авантуризам“.
На пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдаи“ во Сочи, Путин нагласи дека никој не може да гарантира дека Западот нема да користи нуклеарно оружје.
Тој нагласи дека колективниот Запад се обидел да ја отфрли Русија од светскиот економски и политички систем со воведување санкции, но дека тие „немале ефект“, пренесува РИА Новости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски вели дека не е запознаен со деталите од планот на Трамп за брзо завршување на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ги знае деталите за планот на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за брзо завршување на војната во Украина.
Зеленски, на прес-конференција на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, исто така рече дека не разговарал за тоа со Трамп, кој беше избран за нов претседател на САД на изборите на 5 ноември, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека верува оти Трамп сака брзо да ја прекине војната меѓу Русија и Украина, но тоа не мора да значи дека тоа ќе се случи.
Свет
Над 10.000 луѓе добија наредба да се евакуираат поради шумските пожари во Калифорнија
На повеќе од 10.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат од областа северозападно од Лос Анџелес, бидејќи од силните ветрови избувнаа шумски пожари, соопштија денеска официјални лица.
Тие наведоа дека повеќе од 5.900 хектари изгореле во пожарот, кој бил поттикнат од изобилство трева и грмушки, со налети на ветер до 130 километри на час, пренесе Ројтерс.
Неколку цивили се повредени, а значителен број домови, деловни објекти и други објекти се уништени, рече противпожарниот маршал на округот Вентура, Тони Мекхејл, додавајќи дека е премногу опасно да се влезе во областа за да се процени штетата.
Свет
Орбан вели дека ја прославил победата на Трамп со вотка: „Не очекуваат тешки преговори“
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори, унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта изјави дека претстојат тешки трговски преговори меѓу САД и Европа.
Орбан, познат по блиските врски со Трамп, нагласи дека „трговското прашање со САД ќе излезе на површина и нема да биде лесно“. Орбан вели дека ја прославил победата на Трамп со вотка.
Трамп пред изборите најави воведување царини од 10 отсто за целиот увоз, што предизвика загриженост кај европските лидери. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека „милијарди трговија и инвестиции од секоја страна на Атлантикот зависат од динамиката и стабилноста на нашите економски односи“. Поранешниот француски амбасадор во САД Жерар Ао додаде: „Украина, европска безбедност, трговија… Се е доведено во прашање“.
Се очекува администрацијата на Трамп да настојува да преговара за нови трговски договори со европските партнери, што би можело да влијае на постоечките економски односи и политики. Европските лидери се подготвуваат за потенцијални промени во трансатлантските односи и бараат начини да ги заштитат своите економски интереси.