Свет
Путин: Чекор по чекор руската армија го ослободува Донбас
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската армија е на чекор од ослободување на Донбас, пренесува РИА.
Украинската армија губи сè повеќе и повеќе.
Лишена од стратегија, обучена армија и образована за употреба на модерно оружје добиено од Запад, Украина е принудена да ги повлече своите сили.
Станува извесно дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема намера да ги спречи непотребните загуби.
Тој издава наредби за агресивно повлекување што најмногу влијае на самата украинска војска.
Денеска руското Министерство за одбрана излезе со соопштение во кое се наведува дека високопрецизно оружје на руските воздухопловни сили погодило контролен пункт на странски платеници, при што загинале најмалку 100, а биле ранети над 50 платеници.
Се додава дека руските воздухопловни сили нападнале борбени позиции на 53-та механизирана и 68-та пешадиско-пушкачка бригада на вооружените сили на Украина во близина на градовите Угледар, Добропоље и селото Воџаноје во Доњецката Народна Република.
Шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин изјави дека руската специјална операција во Украина претставува крај на осумгодишната војна за Донбас.
– Операцијата за ослободување ни го означува крајот на војната – рече Пушилин.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската армија чекор по чекор ја ослободува земјата од Донбас, пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

