Свет
Рабин предупредува дека Израел треба да биде подготвен за библиска војна на судниот ден
Рабинот Пинчас Винстон, признат автор и пророк, предупреди дека обновените судири во Појасот Газа и тековните тензии меѓу Израел и Иран поради Сирија може да го предизвикаат следниот голем конфликт, кој за возврат може да го исполни пророштвото за крајот на светот од Библијата, пренесува „Спутник“.
Винстон, чии дела во текот на изминатите две децении опширно се занимаваа со крајот на светот, сугерира дека израелските одбранбени сили (ИДФ) треба да бидат подготвени за библиска војна која може да почне во секој момент без никакво предупредување.
Тој се осврна на пророштвото за Војната на Гог и Магог од хебрејската Библија, што го забрзува месијанското искупување. Според еврејската интерпретација, Гог и Магог може да бидат поединци, народи или земји и се сметаат за непријатели на Израел кои ќе бидат поразени од месијата.
Тој исто така цитира и опис од Вилна Гаон, рабин од 18- век, за тоа како би можела да изгледа Војната на Гог и Магог и сугерира дека ќе трае 12 минути и ќе го опфати целиот свет.
„Тоа беше незамисливо во тоа време, но сега можеме да го замислиме како реално сценарио. Постојат многу аспекти опишани во пророштвата што скептиците велат дека се невозможни. Тоа е дел од поголемиот план“, рече тој.
Предупредувањето доаѓа само неколку дена откако Санедрин, еврејска рабинска заедница, побара изградбата на трет свет храм во Ерусалим. Храмот на Соломон и обновениот втор храм, подигнат на Ридот на храмовите пред илјада години, биле уништени од Вавилонците и од Римјаните.
Многу Евреи изразија загриженост дека таквата одлука неизбежно ќе доведе до доаѓање на месијата, а еврејските есхатолошки учења сугерираат дека третиот храм го навестува Армагедон. Пред две недели змија се измолкна од камењата на Ѕидот на плачот предизвикувајќи паника меѓу верниците на светото место и стравувања дека таа е гласник на месијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

