Свет
Разоткриен мотивот на жената која ставала игли во јагодите во Австралија
Мју Ут Тринх (50), беше уапсена во неделата под сомнение за ставање игли за шиење во јагоди кои се продавале во супермаркети и со тоа извршила тежок кривичен престап. Таа работела како супервизор во фарма за јагоди лоцирана северно од градот Бризбејн (Австралија), соопшти локалната полиција, а пренесе Би-би-си.
Австралиските власти неодамна ги зголемија казните за контаминација на храна на 10 до 15 години затвор.
Мју Ут Тринх е обвинета по седум точки од обвинението, а таа засега не изјавила дали ќе се обиде да ги оспори обвиненијата.
Во судот во Бризбејн денеска се презентирани докази кои покажуваат дека на контаминираните јагоди е пронајдена ДНК на Мју Ут Тринх.
„Се чини дека обвинетата бил мотивирана од одмазда или инает. Таа ставала метални предмети во овошјето неколку месеци“, рече судијката Кристин Рони.
Игли во јагоди најпрво беа пронајдени во австралиската сојузна држава Квинсленд, а потоа и во другите австралиски држави. После тоа се појавија и поединечни случаи на пронаоѓање на игли за шиење во банани, јаболка и манго, но полицијата верува дека тоа биле обиди за имитација на првичното злосторство.
Австралискиот премиер Скот Морисон вети дека сите оние кои се одговорни за овој инцидент ќе одговараат за стореното.
„Таквите работи не се смешни. Оние кои го загрозуваат животот на Австралијците, кои пак напорно работат за да се прехрант, не се ништо друго освен кукавици и злосторници“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

