Европа
Разрешена бестрашната романска обвинителка Лаура Ковеси, ЕУ и САД реагираат
Обвинителката од која стравуваше цела Романија, Лаура Кодруца Ковеси, повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА). Романскиот претседател, Клаус Јоханис, потпиша указ за разрешување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодруца Ковеси, по решение на Уставниот суд од мај годинава.
„Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава што го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата“, изјави портпаролката на претседателот, Мадалина Доброволски.

Ковеси, по указот на романскиот претседател Клаус Јоханис, со кој ја отстрани од раководната функција во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), на прес-конференција рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство. Таа им порача на граѓаните дека корупцијата може да биде поразена.
„Корупцијата може да биде поразена, не откажувајте се“, изјави таа на прес-конференцијата.
Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.
Ковеси е на чело на НДБК од 2013 година, а претходно беше јавен обвинител на Романија. Под нејзино раководство, НДБК достигна голем број осудителни пресуди за корупција на лица на високи државни функции и доби пофалби од ЕУ, која го набљудува романскиот правен систем.

Ковеси претставувајќи го годишниот извештај на почетокот на годинава, наведе дека лани пред судот се изведени 1 000 функционери под обвинение за корупција. Помеѓу нив има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на парламентот. Директоратот кривично гонел 713 функционери, вклучувајќи и 28 градоначалници, 38 директори на јавни институции и еден сенатор. Обвинителите во последните години истражуваа голем број романски функционери за судир на интереси, злоупотреба на службена положба, како и примање мито. Сепак, корупцијата во Романија е и понатаму голема, предупреди Ковеси и додаде дека некои директори на болници земале милиони евра мито, а злоупотребите на ЕУ фондовите биле двојно зголемени. Претседателот на Романија, Клаус Јоанис, ѝ честиташе на обвинителката и ја пофали нејзината работа.
Европската комисија и САД реагираа за отстранувањето на главниот обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија потенцирајќи дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.

Европската комисија ја предупреди Романија дека ако резултатите од борбата со корупција во државата се влошат по отстранувањето од раководната позиција во Националната дирекција за борба со корупцијата Лаура Кодруца Ковеси, тоа ќе биде земено предвид.
„Не коментираме за решенија поврзани со националните судски системи. Во неколку наврати забележавме колку е важно судскиот систем во Романија да биде независен, за да има моќ да се бори против корупцијата“, додаде портпаролот.
Американската амбасада во Букурешт реагира на одлуката за отстранување на главниот обвинител на НДБК Ковеши, потенцирајќи дека Романија мора да продолжи со борбата против корупцијата. „Амбасадата на САД ја потврдува посветеноста да ја поддржи борбата против корупцијата. Романија е регионален модел во однос на антикорупциската борба. Ја повикуваме Романија да ги задржи и да ги поддржи своите силни институции за борба против корупцијата“, изјавија од Амбасадата.

Новото раководство на Социјалдемократската партија со месеци се обидуваше да ја разреши Ковеши, на чиј удар се најдоа неколкумина видни членови на партијата, вклучувајќи го и поранешниот партиски лидер за изборни нерегуларности. Владејачката партија ја обвинува дека како шеф на Специјалното јавно обвинителство (ДНА), води случаи кои биле политички мотивирани.
Лаура Ковеси е ќерка на поранешен јавен обвинител, а мајка ѝ била професорка по романска книжевност.Таа имаше само 33 години кога дојде на функцијата Јавен обвинител на Романија во 2006 година. По два мандата од по три години, во 2013 година се искачи на највисокото скалило во правосудството, кога беше именувана за шеф на Романскиот антикорупциски директорат или ДНА, институција која беше формирана да се бори со корупцијата во врвот на државните институции и власта во годините кога Романија се подготвуваше да ѝ се придружи на Европската Унија. Оттогаш, таа процесуираше обвиненија за корупција против романските водечки политичари од сите партии: поранешната министерка Елена Удреа, градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску, братот на експретседателот Трајан Басеску, кој беше уапсен кога Басеску сè уште беше шеф на државата, и лани во септември почна постапка против тогашниот премиер Виктор Понта, кој потоа си поднесе оставка.
ДНА на чело со Ковеси за неполни две години отвори околу 6 000 предмети, а против повеќе од 1 200 лица се подигнати обвиненија за случаи на корупција. Во 2015 година почнати се судски процеси против експремиерот Понта, пет министри, пет сенатори, градоначалници, судии, полицајци, директори. Минатата година специјалното обвинителство нареди конфискација на 494 милиони евра, колку што ѝ било нанесена штета на државата. Романската ДНА има околу 500 вработени, од кои 140 обвинители, 190 полицајци, 50 експерти.
„Знам дека има многу шеги за мене. Има една интернет-страница која постојано објавува вицеви и таму за мене пишува дека јас не пијам кафе наутро, туку корумпирани солзи. Дека јас не ја бојадисувам косата со фарба, туку со корумпирана крв. Дека ако некој ми подари нешто, не го прифаќам подарокот затоа што не сум добила и фискална сметка со него и ја апсам таа личност. Се чудам кога ги читам овие работи за себе. Јас немам три глави и пет раце. Немам ни супер моќ. Немам ни магично стапче. Јас сум човек како и секој друг, жена како и секоја жена на моја возраст“, вели Ковеси во едно од интервјуата дадено за медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет
Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата во неделата, во напад за кој претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија.
„Прелиминарно е утврдено дека биле детонирани импровизирани експлозивни направи“, објави полицијата на Телеграм.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, го опиша инцидентот на Телеграм како терористички чин и рече дека 23-годишна полицајка е убиена. Дванаесет лица остануваат во болница, од кои две се во сериозна состојба, рече тој.
A 23-year-old policewoman died as a result of the explosion. 😪
Victoria Shpylka was from Volyn, and later moved to Kherson with her parents.
She graduated from the Lviv State University of Internal Affairs and worked in the ranks of the patrol police, first in Kherson region,… pic.twitter.com/XZnWrcUkDK
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) February 22, 2026
Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека една жена е приведена како дел од истрагата.
Зеленски: Напаѓачите се регрутирани преку интернет
Полицијата соопшти дека првата експлозија се случила кога патрола пристигнала на местото на провала во продавница, додека втората експлозија се случила кратко време подоцна.

Damage at the site of a double explosion in downtown Lviv, western Ukraine, 22 February 2026. According to the National Police, a 23-year-old policewoman was killed and at least 24 others were injured when two homemade explosive devices detonated in what authorities have officially labeled a ‘terrorist attack.’ EPA/MYKOLA TYS
Во видео обраќање доцна во ноќта, Зеленски ја обвини Русија дека стои зад нападите и рече дека напаѓачите биле регрутирани преку интернет. Украинското разузнавање верува дека Русија „ќе продолжи да извршува вакви напади, сериозни напади врз Украинците. Мора да ги заштитиме луѓето“, рече Зеленски.
Четвртата годишнина од почетокот на инвазијата на Украина се одбележува оваа недела.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

