Свет
Ракетирана област близу странските нафтени компании во ирачка Басра

„Ројтерс“ утрово објави, повикувајќи се на свои извори, дека била ракетирана област во близина на странските и државната нафтена компаниија во Басра, Ирак. Засега нема извештаи за жртви.
Според ирачката полиција, ракетите „катјуша“ биле лансирани околу 3 часот по полноќ по локално време и удриле во станбениот комплекс и оперативниот штаб Бурџесија западно од Басра. Во исто време, ирачката војска изјави дека ракетите удриле близу американската компанија „Халибартон“.
Нападот на нафтените постројки се случи откако претходно цените на нафтата продолжија да паѓаат откако Русија и Саудиска Арабија ги одложија преговорите за намалувањето на производството на нафта, со што продолжува загриженоста за прекумерното снабдување. Првично, средбата беше закажана на 6 април, но разговорите беа одложени до 9 април.
Цените на нафтата го доживеаја најголемиот пад во последните неколку децении откако Русија и Саудиска Арабија не успеаја да постигнат договор за намалување на производството во услови на тековната криза со Ковид-19.
Русија предложи намалувањето на производството да остане на претходно договорено ниво, но Саудиска Арабија и нејзините сојузници сугерираат дополнителни намалувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува „Н1 Србија“.
Blok 4 dokle bre ???? pic.twitter.com/o0keHRNv38
— Nemiposmatrač 🇷🇸🇧🇷🇺🇲 (@mavkoo) April 8, 2025
На протестот, според написите, интервенираше и полицијата.
На снимката се гледа како полицијата приведува маж, според написите, најверојатно еден од учесниците на протестот. Но, додека полицајците се расправале со насобраните граѓани кои протестираат, истиот човек излегол од полициското возило низ друга врата.
Потоа мажот повторно се обратил до полицијата додека ја проверувале личната карта на друг учесник на протестот, но тие не ни забележале дека се работи за истиот човек, пренесува медиумот.
Свет
Во Швајцарија откриен првиот случај на нов вид на мајмунски сипаници

Швајцарија го пријави својот прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, а поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.
Официјалните лица објавија дека заразеното лице е патник кој се враќал од Африка и дека нема опасност од ширење на инфекцијата во околната заедница, објави „Свисинфо“.
Светската здравствена организација објави дека Clade 1b е позаразна и поопасна од претходните варијанти на мајмунска сипаница.
Во средината на август минатата година, Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради појавата на мајмуни сипаници, а на крајот на февруари организацијата одлучи да ја задржи меѓународната здравствена вонредна состојба.
Напорите за спречување на епидемијата се отежнати од борбите во источниот дел на Конго, каде што новата варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, се шири од 2024 година, пренесува Танјуг.
Регион
Грчките работници на генерален штрајк поради високите животни трошоци и ниските плати

Водечките грчки синдикати од приватниот и јавниот сектор денеска повикаа на еднодневен генерален штрајк, барајќи повисоки плати и зголемените трошоци за живот, а општиот прекин на работата веќе од утрото почна да го парализира животот во Грција.
Штрајкот го свикаа синдикатите кои ги претставуваат вработените во приватниот и јавниот сектор – Генералната конфедерација на грчките работници (ГСЕЕ) и синдикатот на вработените во јавните служби АДЕДИ.
Главна причина се вртоглавите зголемени трошоци за живот, а истовремено и стравот дека новите царини што ги воведоа САД уште повеќе ќе ја отежнат положбата на вработените.
„Зголемувањето на трошоците за живот ги нагризува платите на вработените, а владата не покажува дека се грижи за тоа“, велат од Синдикатот на ГСЕЕ. Според тој синдикат, голем дел од населението троши повеќе од 40 отсто од приходите за кирија и греење, пренесе агенцијата АП.
Повикот за еднодневен прекин на работата се однесува на речиси сите активности, вклучително и јавниот превоз, воздушниот и поморскиот сообраќај, образованието и градската администрација, пишува грчкиот весник Катимерини.
Кон штрајкот се приклучија и контролорите на летање, кои иако беше предложено тие да бидат забранети, судот во вторникот попладне пресуди дека и тие имаат право на штрајк.
Од утрото на 9 април, траектите останаа врзани во пристаништата, но и бродовите, бидејќи во прекинот на работата учествува и Панхеленската морнарска федерација (ПНО).
Островите се отсечени од континенталниот дел на земјата, а странските туристи се заробени на аеродромите, или дури не успеале да стигнат до своите дестинации во Грција.
Метрото и надземната градска железница во Атина ќе сообраќаат ограничено во текот на денот, а според изменет распоред, главно линиите до меѓународниот аеродром во Атина, а некои станици ќе останат затворени. Очекувано слично ќе функционира градскиот јавен превоз во цела Грција.
Целосно ќе биде прекинат железничкиот сообраќај во земјата, вклучително и приградските линии.
Низ земјата се одржуваат демонстрации, а синдикатите повикаа на централни протести во Атина. На протест повика и Грчката Панхеленска федерација на вработени во угостителството и туризмот.
Синдикатите бараат корекции на колективните договори во сите сектори, зголемување на платите, повторно воведување на 13-та и 14-та плата и политички мерки кои ќе го намалат инфлацискиот притисок врз населението.