Свет
Ранети украински војници заробени во „Азовстал“ молат за помош

Серија фотографии објавени утрово на „Телеграм“ од страна на борците на „Азов“ ги прикажуваат лошите услови на ранетите украински бранители скриени под фабриката за челик „Азовстал“ во опколениот Мариупол.
Шокантните слики го откриваат ужасот на слабо осветлена, импровизирана болница, каде што се лекуваат војници, многумина поради изгубени екстремитети. Фотографиите се објавени со соопштение во кое се бара помош.
Увесь цивілізований світ має бачити умови, в яких перебувають поранені, скалічені захисники Маріуполя і діяти!
В повній антисанітарії, з відкритими ранами, перев’язаними не стерильними залишками бинтів, без необхідних медикаментів і навіть харчування.
?? pic.twitter.com/vmbOLjNJhy— АЗОВ (@Polk_Azov) May 10, 2022
„Целиот цивилизиран свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатени бранители на Мариупол, и да дејствува! Во целосно нехигиенски услови, со отворени рани обвиени во нестерилни остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и без храна. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да ја покажат својата хуманост и да ги потврдат фундаменталните принципи на кои се создадени со спасување на ранетите кои повеќе не се борци.
Војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката „Азовстал“ ги бранеа Украина и целиот цивилизиран свет со тешки повреди по цена и на сопственото здравје. Дали Украина и светската заедница сега не може да ги заштитат и да се грижат за нив?“, се вели во соопштението.
Азовскиот полк повикува на итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина, каде што може да им се помогне и да им се обезбеди соодветна грижа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.