Свет
Реакторот во нуклеарната централа „Запорожје“ исклучен поради гранатирање
Еден од двата оперативни реактора во комплексот на нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина е затворен поради руско гранатирање, објави операторот „Енергоатом“.
„Како резултат на уште еден минофрлачки напад на руските сили на местото на нуклеарната централа ‘Запорожје’, активирана е заштитата за итни случаи и исклучен е оперативниот петти извор на енергија“, напиша „Енергоатом“ во апликацијата за пораки „Телеграм“.
Денеска, во електраната треба да пристигне мисијата на Меѓународната агенција за атмосферска енергија (МААЕ).
„Мисијата сѐ уште чека на украинскиот контролен пункт по денешното гранатирање на Запорожје, но решена е денеска да стигне до објектот“, изјави портпаролот на МААЕ.
„Енергоатом“ потврди дека конвојот со припадниците на МААЕ е на 20-ина километри од линијата на фронтот и чека да се расчисти ситуацијата околу нуклеарната централа и да стане безбедна. Последните информации се дека претставникот на МААЕ изјавил дека мисијата ќе треба да почека најмалку три часа за да оди во електрана.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, е во контакт со украинската војска за да ѝ дозволи на мисијата да стигне до централата. Во текот на денот руската и украинската страна продолжија да разменуваат обвинувања за гранатирање на областа во близина на нуклеарната централа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Гренланд би можел да се припои кон Русија ако Трамп не реагира брзо
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Ројтерс.
Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон Русија.
Во меѓувреме, Трамп повторно ја активираше иницијативата САД да преземат контрола врз Гренланд, автономна територија на Данска, наведувајќи дека островот е клучен за американската национална безбедност – потег што наиде на остро противење од Данска и властите на Гренланд.
Иако Русија формално не бара Гренланд, таа внимателно ја следи неговата стратешка улога во Арктикот, особено поради северноатлантските рути.
Фото: Depositphotos
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

