Свет
Реган во разговор со Никсон: Видете ги тие мајмуни од Африка, неудобно им е во чевлите
Поранешниот американски претседател, Роналд Реган, во телефонски разговор од 1971 година со тогашниот претседател Ричард Никсон африканските делегати во Обединетите нации ги опишува како мајмуни.
Ова се слуша на новооткриени снимки објавени од американскиот магазин „Атлантик“, пренесе Би-би-си.
Реган, кој во тоа време бил гувернер на Калифорнија, бил лут бидејќи делегатите на Танзанија во Обединетите нации гласале спротивно од позициите на САД.
Членовите на танзанската делегација почнале да танцуваат по гласањето со кое ОН ја признале Кина, а го исклучиле Тајван.
Реган, кој го поддржувал Тајван, следниот ден го повикал американскиот претседател и го изразил своето незадоволство.
„Видете ги овие… мајмуни од тие африкански земји, проклети да се, се гледа дека уште им е неудобно во чевлите“, вели Реган во телефонскиот разговор.
На снимката се слуша како Никсон, кој си поднесе оставка во 1974 година, се смее.
Снимката ја откри Тим Нафтали, професор по историја на универзитетот во Њујорк, кој управувал со претседателската библиотека на Никсон од 2007 до 2011 година.
Тој го објави неговото откритие во магазинот „Атлантик“ и напиша дека расистичките забелешки биле избришани од оригиналните снимки под образложение за заштита на приватноста.
Нафтали објасни дека со судска наредба е наложено снимките одново да се прегледаат бидејќи по смртта на Реган во 2004 година, правилото за приватност веќе не важи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили Виктор Гулевич.
„Генерал-мајор Виктор Гулевич беше разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба 192 беше потпишана од претседателот“, се наведува во соопштението и се додава дека Гулевич е разрешен од служењето на војската поради неговата возраст, но дека го задржува правото да носи воена униформа, пренесува Известија.
Претходно Лукашенко го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лошите резултати.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.