Свет
Резолуциите на Русија и САД за Венецуела не поминаа во Советот за безбедност
Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за Венецуела во Советот за безбедност на ОН, изразувајќи загриженост во врска со надворешното мешање во работите на суверена држава, пренесува РТ. И руската нацрт-резолуција не успеа да добие доволно гласови.
Претставникот на Русија во ОН, Василиј Небензиа, ја критикуваше резолуцијата на САД, нарекувајќи ја кулминација на американското шоу на двојни стандарди во врска со Венецуела.
Тој тврдешедека САД од почеток знаеле дека нивниот документ нема никакви шанси да помине, но го составиле само за да ги оправдаат понатамошните жалби дека пристапот до хуманитарната помош на Венецуела е одбиен.
„Сериозно сме загрижени дека денешниот состанок може да се искористи како чекор во подготовката на конкретна, а не хуманитарна интервенција во Венецуела”, рече Небензиа.
САД во резолуцијата ја обвинија владата на претседателот Николас Мадуро за предизвикување економски колапс во Венецуела, што предизвикал мигрантска и бегалска криза. Нарекувај
и ги властите во Каракас режим, во документот се апелирашеда на мирен политички процес кој ќе резултира со „слободни, фер и веродостојни претседателски избори”, и ги оценуваше претседателските избори во мај како неслободни ниту фер . ”
Специјалниот претставник на САД за Венецуела, Елиот Абрамс, ги обвини противниците на нацрт-резолуцијата на САД за поддршка на Мадуро на сметка на венецуелскиот народ и нагласи дека Вашингтон нема да се откаже од своите обиди да изврши притисок за мирен премин кон демократија во Венецуела и да испорача хуманитарна помош за земјата погодена од криза.
САД ќе ги следат сите можности за зголемување на хуманитарната помош за Венецуелците и внатре и надвор од нивната земја.
Нацрт-резолуцијата на САД доби девет гласа „за“, а Русија, Кина и Јужна Африка гласаа против, додека Индонезија, Екваторска Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска беа воздржани.
Советот потоа гласаше за руската нацрт-резолуција со која се поддржуваше политичко решение, но не помина со седум гласа „против“. Гласање „против“ од една од петте постојани членки – САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина – се смета за вето, и автоматски го отстранува предлогот.
Руската резолуција предлагаше Советот за безбедност да изрази загриженост во врска со цивилните жртви во Венецуела и да ги повика сите политички сили таму да се заложат за решавање на ситуацијата.
Нацртот беше сличен на заедничката изјава за насилството во Хаити, што САД ја поддржаа пред неколку дена. Но, кога станува збор за Венецуела, Американците го “елиминираа” рускиот предлог со додавање на забелешки во кои ја осудија владата на Николас Мадуро и со други промени во текстот, рече Дмитриј Пољански, рускиот заменик претставник на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Атентаторот на словачкиот премиер: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа наводниот атентатор и на кое тој зборува за причините поради кои се обидел да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Не се согласувам со политиката на владата“, наводно вели атентаторот на видеото.
#BREAKING 🚨‼️🇸🇰 Video of the assassin of Robert Fico Slovakia Premier. The reason for the assassination is that Fico is allegedly liquidating the media. Incredible statement from the suspect. #Slovakia #Fico pic.twitter.com/lRA4EFPOwG
— The Macro Story (@themacrostory) May 15, 2024
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Свет
Путин го осуди атентатот на премиерот на Словачка: Пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка и желби за брзо и целосно закрепнување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграма до претседателката на Словачка и го осуди атентатот на премиерот на Словачка, Роберт Фицo.
Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо нема оправдување, тоа е грозоморно злосторство, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата што и ја испратил на својата словенечка колешка Зузана Чапутова, тој изразил и желба за опоравување на Фицо, пренесува ТАСС.
„Со огорченост дознав за обидот за убиство на Роберт Фицо, премиерот на Словачка, ова монструозно злосторство не може да има никакво оправдување“, напиша Путин во својата телеграма на веб-страницата на Кремљ и додаде:
„Го познавам Роберт Фицо како храбар и подготвен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација“, се обрати рускиот лидер и продолжи: „Ве молам пренесете му ги зборовите на најискрената поддршка, исто така и желбите за брзо и целосно закрепнување“.