Контакт

Свет

Рекорден пораст на бројот на новозаразени во Чешка

Објавено пред

Во Чешка вчера биле регистрирани нови 127 случаи на Ковид-19, соопштија денеска здравствените власти.

dobivaj vesti na viber

Тоа е најголем пораст на дневно ниво во бројот на заразени во последните два месеца, а до него доаѓа во време кога Чешка ги ублажува рестриктивните мерки, кои се однесуваат на фабриките и јавниот живот.

Во земјата со население од 10,7 милиони луѓе, до утрово се регистрирани вкупно 10.780 случаи на коронавирус. Вкупно се 7.592 се сметаат за излечени, 2.844 случаи и натаму се активни, а 344 досега се починати.

Претходниот рекорден број на случаи во Чешка беше регистриран на 21 април, кога биле пријавени 133 случаи.

Свет

Откриено е што Трамп ѝ понуди на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни гаранции за Украина под одредени услови, изјавија три лица запознаени со разговорот, според „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Тој ги даде овие забелешки на виртуелен состанок организиран од Германија вчера за координирање на позициите на САД и Европа пред самитот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска в петок.

Три лица – европски дипломат, британски функционер и лице информирано за разговорите – сите рекоа дека САД се подготвени да играат некаква улога во помагањето на Киев да ја одврати идната руска агресија, доколку се постигне прекин на огнот.

Лицето информирано за повикот рече дека Трамп нагласил дека ќе преземе таква обврска само ако тоа не е дел од НАТО.

Отвореноста на Трамп кон безбедносните гаранции – клучно барање и на Украина и на Европа – помага да се објасни претпазливиот оптимизам изразен од европските претставници по разговорите и пред самитот в петок, забележува Политико.

Но, еден од изворите изјави за Политико дека Трамп не прецизирал што мисли под безбедносни гаранции и дека само дискутирал за поширокиот концепт.

Да потсетиме дека Доналд претходно изјави дека нема да обезбеди американски безбедносни гаранции за Украина, туку дека Европа е одговорна за тоа. За време на состанокот на кабинетот кон крајот на февруари, Трамп рече: „Нема да дадам премногу безбедносни гаранции. Европа ќе го стори тоа, бидејќи тие се нивни соседи.“

Во еден од неговите претходни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој изјави дека Франција и Велика Британија ќе ја преземат одговорноста за овие гаранции, а не САД.

Но, Трамп сега признава дека безбедносните гаранции на САД мора да бидат дел од конечниот договор и гледа дека САД играат улога во тоа, рече британскиот функционер. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар за отвореноста на Трамп во врска со улогата на САД во обезбедувањето безбедносни гаранции.

Какви и да се гаранциите, Трамп јасно стави до знаење дека САД нема да продолжат директно да снабдуваат оружје или војници на Украина, иако ќе продаваат оружје на Европа за употреба од страна на Киев.

Исто така, веројатно е дека ќе биде ограничено и би можело да ги разочара украинските поддржувачи кои сакаат посилни гаранции од Соединетите Американски Држави за да ја одвратат Русија од повторна инвазија на Украина откако ќе завршат борбите.

Трамп го помина поголемиот дел од своето претседателствување спротивставувајќи се на воената помош за Украина, истакнува Политико. Но, иако Соединетите Американски Држави не испраќаат оружје директно, тој неодамна ѝ дозволи на Европа да купи американско оружје за да го испрати во Украина, потег за кој неговата администрација вели дека го зголемил притисокот врз Москва и го убедил Путин да седне на преговарачка маса.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Каде ќе се одржи самитот Трамп-Путин? Локацијата има големо историско значење

Објавено пред

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база која одигра клучна улога во одбраната на САД од Советскиот Сојуз за време на Студената војна.

dobivaj vesti na viber

Базата е создадена во 2010 година со спојување на воздухопловната база Елмендорф и воена база Форт Ричардсон. За време на Студената војна, тука биле стационирани бројни авиони, а од тука биле следени и управувани разни радари за рано предупредување, наменети за откривање на советските воени активности и можни нуклеарни закани. Поради својата локација и инфраструктура, базата имала статус на „Top Cover for North America“, главен штит за северноамериканскиот воздушен простор.

Трамп ја посети базата во мај 2019 година, за време на неговиот прв мандат како претседател, застанувајќи да наполни гориво и да ги поздрави војниците стационирани на локацијата.

Покрај стратешкото значење, самитот во Алјаска носи и силна симболика. Алјаска била руска територија до 1867 година, кога САД ја купиле од Руската империја. Одржувањето на разговорите на место кое некогаш ѝ припаѓало на Русија додава дополнителна историска димензија на состанокот.

Друга причина за избор на Заедничката база Елмендорф-Ричардсон е високото ниво на безбедност и изолација на локацијата, што го олеснува организирањето на настан од таква чувствителност.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Објавено пред

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ и граѓани, а едно лице беше снимено со пиштол.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните се приближија кон просториите на СНС одзади, каде што избувна тепачка. Според новинскиот портал „Разглас“, некој од присутните пукал во воздух, по што некои граѓани се оддалечиле.

Исто така, беше снимено видео на кое се гледа како маж си оди со кренат пиштол. Снимката ја објави Н1 Србија.

Потоа на местото на настанот пристигна жандармериски кордон и ги одвои граѓаните и поддржувачите на СНС.

Како што можеше да се види на снимката од телевизијата Н1, граѓаните бегаа во паника и викаа дека некој извадил пиштол.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа14 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа14 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија15 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија16 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија17 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура17 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ22 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија23 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет23 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија23 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија24 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија2 дена

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет2 дена

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ2 дена

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ2 дена

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион2 дена

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...