Европа
Рекордни бројки на новозаразени и починати во источна Европа
Земјите од источна Европа бележат висок број на нови инфекции со коронавирус, при што Русија има рекорден број смртни случаи како последица на инфекцијата, а Бугарија најголем дневен пораст, со мал број вакцинирани, објави денеска агенцијата „Ројтерс“.
Русија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија и Полска се тешко погодени од новиот бран на вирусот.
Русија денеска забележа 1.123 нови смртни случаи, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а властите одлучија да воведат мерки за делумно затворање.
За 24 часа има 36.582 нови случаи, од кои 5.789 во Москва.
Русија ќе има национално затворање во првата недела од ноември кога работниците нема да одат на работа. Москва таа мерка ја воведува веќе од утре. Ќе работат само основните услуги, како што се аптеки и супермаркети.
Бугарија забележа 6.813 нови случаи во последните 24 часа, што е рекорден дневен пораст во најмалку вакцинираната земја во ЕУ, покажуваат денешните податоци.
Починале 124 лица, така што вкупниот број на починати како последица од Ковид-19 сега изнесува 23.440.
Привремената бугарска влада наметна ковид-сертификати за влез во повеќето затворени простори за да се спречи ширењето на позаразната делта-варијанта и за да се поттикне вакцинацијата. Само четвртина од возрасните примиле барем една доза од вакцината во соседната земја.
Властите велат дека вакцинацијата, сепак, е забрзана откога ковид-сертификатот стана задолжителен минатиот четврток. Во последните 24 часа се употребени повеќе од 26.000 дози.
Сепак, многу Бугари остануваат скептични за вакцината поради недовербата во државните институции, дезинформациите и контрадикторните пораки од политичарите и експертите пред третите парламентарни избори закажани за оваа година на 14 ноември, пишува „Ројтерс“.
Чешка, земја со 10,7 милиони жители, денеска пријави најмногу нови случаи од април – 6.274, речиси двојно повеќе пред една недела.
И покрај ваквиот раст, бројот на заболени и хоспитализирани сè уште е под разгорот на заразата на почетокот на оваа и на крајот на минатата година.
Вакцинацијата во земјата се забрзува и 6,06 милиони луѓе сега се целосно вакцинирани.
Унгарија денеска забележа 3.125 нови случаи, исто така најмногу од април, а луѓето се повикуваат на вакцинација.
Иако и во таа земја бројките растат, сепак тие се помали во споредба со другите земји од централна и источна Европа, истакнува „Ројтерс“.
Романија е најтешко погодена од новиот бран на Ковид-19 и има една од највисоките стапки на смртност во светот.
Полска денеска има 8.361 нов случај на инфекција со коронавирус и 133 смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во таа земја со приближно 38 милиони луѓе, речиси три милиони се заразени, а има 76.672 смртни случаја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

