Свет
Речиси сто загинати во обилните дождови во Индија и Непал
Речиси 100 луѓе загинаа од средата кога обилните дождови погодија делови од Индија и Непал, соопштија официјални лица и медиуми, а метеоролошката служба предвидува уште невообичаено обилни дождови во регионот за овој период од годината.
Индиската метеоролошка служба во средата издаде предупредување за повеќе опасности во целата земја, со топлотни бранови во западните делови и грмотевици во источните и централните региони.
Во источната држава Бихар најмалку 64 лица загинаа од средата во несреќи поврзани со обилни врнежи, изјави за „Ројтерс“ висок функционер од одделот за управување со катастрофи на државата.
Локалните медиуми објавија дека повеќе од 20 луѓе загинале во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.
Во соседен Непал удари на гром и силен дожд убиле најмалку осум лица, соопштија претставници на Националната управа за катастрофи.
Индискиот метеоролошки оддел до сабота очекува пороен дожд со грмежи, молњи и силни ветрови над централна и источна Индија.
Сезоната на монсуните во јужна Индија обично почнува во јуни, а летните месеци во последните години беа обележани со интензивни топлотни бранови, кои усмртија неколку луѓе.
Индиската метеоролошка служба минатата недела соопшти дека се очекува Индија да доживее многу потопол април, со температури над нормалата во повеќето делови од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

