Европа
Рејтингот на Путин во татковината е над 80 отсто
Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин незначително се намалил 0,3-процентни поени во однос на минатата недела, па сега, според денешното испитување што го објави Серискиот центар за истражување на јавното мнение (VTsIOM), тој има рејтинг од 80,73 отсто.
Анкетата е спроведена меѓу 1.600 полнолетни Руси од 27 јуни до 3 јули годинава.
„На прашањето дали му веруваат на Путин, 80,7 отсто одговориле потврдно. Дури 77,8 отсто од испитаниците ги одобруваат активностите на претседателот на Руската Федерација“, стои во анкетниот лист.
Покрај тоа, 51,3 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на руската влада, а 51,2 отсто го одобруваат дејствувањето на премиерот Михаил Мишустин. Довербата кон него изнесува 62,2 отсто, пренесува „Тасс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени
Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени десетици патници, соопштија полицијата и словачкиот министер за внатрешни работи.
Јавувајќи се од местото на несреќата, министерот за внатрешни работи Шутај-Ешток рече дека десетици луѓе се полесно повредени, додека 11 се пренесени во болница. Нема смртни случаеви, додаде тој.
🚨🇸🇰#BREAKING | NEWS ⚠️
Two trains collide on a section of Pezinok-Bratislava Main Station in Slovakia. Massive search and rescue teams on site with the emergency no word on fatalities or injuries just yet or how the two trains collided. Mass casualty incident. pic.twitter.com/K3QmCV8EnN— Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) November 9, 2025
Несреќата се случила на коридорот помеѓу главниот град Братислава и Пезинок, 20 километри североисточно. „Според првичните информации, немало директен судир меѓу возовите, ниту пак возот излетал од шините“, соопшти полицијата на Фејсбук.
Новинскиот сајт Aktuality.sk цитираше патник кој го опишал судирот како гласен експлозивен звук. Ова е втора ваква несреќа во Словачка во изминатиот месец. Два воза се судрија на истокот од земјата на 13 октомври, при што беа повредени 91 лице.
фото: принтскрин
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин

