Свет
Ривалите ја одбија понудата на Нетанјаху за широка владејачка коалиција

Центристичкиот сојуз „Сино-бели“ на Бени Ганц денеска ја одби понудата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за формирање на широка владејачка коалиција.
„Нема да влегуваме во коалиција предводена од Нетанјаху“, изјави Моше Јалон, претставник на партијата.
Нетанјаху претходно ја навести можноста за ротирачко претседавање на Владата со Ганц, откако го повика да формираат широка коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан сам против ЕУ: Не ја потпишувам изјавата за поддршка за Украина

Унгарија е единствената членка на Европската Унија која не ја потпишала заедничката изјава за поддршка на Украина. Документот беше поддржан од преостанатите 26 членки на ЕУ, а во него се наведува дека Украина мора да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.
Долго време, Унгарија има затегнати односи и со Украина и со мнозинството членки на ЕУ, и се смета за најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека приемот на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.
Утрово тој ги наведе причините за тоа зошто не ја потпиша изјавата: „Оваа изјава се обидува да постави услови за состанок на кој лидерите на ЕУ дури и не се поканети“.
„Доволно е лошо што ЕУ е тргната настрана. Единственото нешто што би било полошо е ако почнеме да даваме инструкции од клупата“, напиша Орбан.
Тој додаде дека, според него, „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да иницираат самит ЕУ-Русија, моделиран според состанокот САД-Русија“.
Ова не е прв пат Орбан да се спротивстави на заедничката позиција на ЕУ за Украина. Унгарија претходно го оспори воведувањето на европски санкции против Русија, пред на крајот да попушти, и одби да потпише некои претходни декларации за поддршка на Украина.
Регион
(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од Подгорица, во населбата Пипери. Пожарот голта сè пред себе, а пожарникарите се борат дење и ноќе за да ги локализираат пожарите. Гаснењето пожари се врши и од воздух, јавуваат регионалните медиуми.
Снимките од гаснењето пожари со помош на хеликоптер над Црна Гора покажуваат колку се драматични сцените, додека чадот ја отежнува видливоста. Пожарникарите вложуваат максимални напори за да го стават пожарот под контрола.
Пожарите што избувнаа на неколку локации околу Подгорица синоќа сѐ уште се активни утрово, а според „Вјести“, најкритичниот е сè уште во Пипери, каде што синоќа избувна ново жариште во Дрезга и во Церовице.
View this post on Instagram
Во текот на ноќта во близина на Чањ пожарот повторно се разгоре поради силни ветрови, густ чад се шири во сите правци, а ветрот дополнително придонесува за ова. Според сателитските податоци од „Гугл мапс“, се проценува дека изгореле 12 квадратни километри.
Пожарите во Црна Гора избувнаа кога автомобил се запали во Буљарица. Пожарот се прошири на непристапен терен и стигна до Чањ, а потоа и до други места.
Свет
Исповед на Севернокорејци за Би-би-си: Нè праќаат во Русија да работиме како робови

Илјадници Севернокорејци се испраќаат да работат во Русија во услови слични на ропство за да го пополнат огромниот недостиг на работна сила, влошен од руската инвазија на Украина, дознава Би-Би-Си.
Москва повеќекратно се обратила до Пјонгјанг за помош во војната, од која набавува ракети, артилериски гранати и војници. Сега кога многу руски мажи загинале, на бојното поле или избегале од земјата, постои зголемена зависност од севернокорејските работници, според јужнокорејските разузнавачки служби.
Би-Би-Си разговараше со шест работници кои избегале од Русија од почетокот на војната, како и со владини претставници, истражувачи и активисти кои им помагаат. Тие сведочеа за ужасните услови за работа и сè построгиот надзор за да се спречат бегства.
Еден од работниците, Џин, опиша како, по пристигнувањето на рускиот Далечен Исток, веднаш бил однесен на градилиште под надзор на агент на севернокорејската безбедносна служба. „Надворешниот свет е наш непријател“, му рекол агентот. Џин работел 18 часа на ден на изградба на станбени облакодери.
Сите опишале подеднакво исцрпувачка рутина – будење во 6 часот наутро и работа до 2 часот наутро, со само два дена слободни во целата година. Спиеле во валкани, преполни контејнери или на подот од недовршени згради, често без греење и само со церади над отворите.
Работниците биле под постојан надзор на агенти од Пјонгјанг, а прекршоци како што е земање слободно време од работа се казнуваат со тепање. „Беше како да умираме“, рече Чан, еден од работниците.
Одењето на работа во Русија во Северна Кореја се смета за престижна можност бидејќи носи подобра заработка отколку дома. Сепак, поголемиот дел од платата веднаш се пренасочува кон државата како „надомест за лојалност“, а на работникот му остануваат само 100 до 200 долари месечно, и тоа дури откако ќе се врати дома, со цел да се спречат бегства.
Тае, кој успеал да избега, рекол дека се чувствувал „како во работен логор, затвор без решетки“ кога дознал дека работниците од Централна Азија заработуваат пет пати повеќе за три пати помалку работа.
Во 2019 година, ОН го забрани вработувањето на Севернокорејци во странство со цел да се намалат приходите за нуклеарната програма на Пјонгјанг, но забраната сега се заобиколува. Според јужнокорејски извори, повеќе од 13.000 Севернокорејци пристигнале во Русија во 2024 година – 12 пати повеќе отколку претходната година, а многумина дошле со „студентски“ визи.
Се очекува оваа година да пристигнат повеќе од 50.000 работници. Повеќето од нив работат на големи градилишта, а некои во текстилната и ИТ индустријата, што е исто така прекршување на забраната на ОН. Рускиот министер Сергеј Шојгу потврди дека 5.000 Севернокорејци ќе бидат испратени за обнова на Курск, а некои може да работат во окупираните делови на Украина.
За да се спречат бегствата, севернокорејските власти воведоа почести идеолошки обуки и „сесии за самокритика“ и речиси целосно ја укинаа можноста за напуштање на градилиштето. Порано, работниците можеа да излегуваат еднаш месечно, сега речиси никогаш, а дури и тогаш во групи од по петмина со постојан надзор. Бројот на оние што успеваат да избегаат од Русија и да стигнат до Јужна Кореја е преполовен од 2022 година, од околу 20 на 10 годишно.
Според професорот Андреј Ланков, работниците ќе останат „траен симбол на воениот сојуз“ меѓу Ким Џонг Ун и Владимир Путин, дури и кога ќе престане испраќањето војници и оружје.