Свет
Родителите на Кејт Мидлтон се нејзиниот темел додека таа се бори во најтешката животна битка
Во петокот принцезата од Велс го шокира светот со веста за својата болест.
„Таа има навистина тесен круг пријатели, особено во Норфолк, таму има многу блиски пријатели“, изјави за странските медиуми кралскиот експерт Кејти Никол за принцезата Кејт Мидлтон. Таа неодамна ѝ откри на јавноста дека ѝ е дијагностициран рак по неколкумесечни шпекулации дека нејзината здравствена состојба не е добра, но и дека се повлече од јавноста затоа што нејзиниот сопруг Вилијам ја изневерил.
Никол појасни кој, всушност, претставува основа на сè во животот на принцезата.
„Нејзиното безбедно пристаниште, дефинитивно, се нејзините родители, братот Џејмс и сестрата Пипа. Иако не ги гледаме често на заеднички фотографии, тие речиси секогаш се некаде блиску до неа. Тие се апсолутно нејзиниот темел“, рекол тој. Со неговата изјава се согласија и следбениците на социјалните мрежи, кои раскажаа како Кејт се дружела со мајка си откога дознала за тешката дијагноза бидејќи знаела дека може да ѝ каже такви информации, но и дека ќе добие утеха и совет. Нејзините родители ја поддржувале во веројатно најтешките моменти од нејзиниот живот.
Керол и Мајкл Мидлтон добиле олеснување кога слушнале дека ракот е откриен во рана фаза и се чувствувале безбедно бидејќи ќерка им е на превентивна хемотерапија.
„Кетрин ќе ги има најдобрите доктори на светот кои ќе ја чуваат, така што таа е во сигурни раце. Керол и Мајкл отсекогаш биле силна двојка и многу приземни. Она што сега го прават е да се здружат и да ја поддржуваат неа, и не само Вилијам и Кејт, туку и внуците“.
View this post on Instagram
Братот Џејмс испрати порака за поддршка на својата постара сестра. Тој објави фотографија кога биле деца и ѝ посвети прекрасни зборови:
„Искачивме многу планини заедно во текот на годините. Како семејство, оваа ќе ја искачиме со вас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.
Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ делови од Омаха, Небраска.
Tornado that hit Elkhorn, NE. #tornado #elkhorn #ne #omaha pic.twitter.com/7nqKSGdYZV
— Alex freed (@freezymfe) April 27, 2024
Регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.
Tornado damage in Iowa 🇺🇸 pic.twitter.com/RBv3lJm1sw
— The Watchman (@nspiass) April 27, 2024
Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 27, 2024
Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.
На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.
Свет
(Видео) Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, погодени четири термоцентрали
Русија изврши уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери Ту-95МС и Ту-92М3, тактички авиони, бродови од Каспиското Море, беспилотни летала. Целите беа главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов…
Министерот за енергетика Герман Галушченко потврди напади врз индустриски капацитети во три региони на земјата, додека енергетскиот холдинг ДТЕК објави дека биле погодени четири термоцентрали.
– Опремата на четири термоцентрали на украинскиот енергетски холдинг ДТЕК е сериозно оштетена при нападот – објави компанијатa.
‼️росія атакувала 4 ТЕС ДТЕК, серйозно пошкоджено обладнання
Ворог вкотре масово обстріляв енергетичні об'єкти України.
За попередньою інформацією, на жаль, є постраждалі. Надаємо всю необхідну допомогу.
В ці хвилини енергетики намагаються ліквідовувати наслідки атаки. pic.twitter.com/M43OWYC7s9
— Офіційна сторінка Групи ДТЕК (@DTEK_Ukraine) April 27, 2024
Некои воени блогери наведуваат дека термоелектраната Бурштинска во Ивано-Франковската област и термоелектраната Криви Рог биле погодени од неколку хиперсонични „ками“.
Украина одговори со масовен напад со дрон врз Краснодар и Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала.
– Спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови врз цели на територијата на Руската Федерација. Војниците кои биле на должност над територијата на Краснодарската област пресретнале 66 украински беспилотни летала, додека уште два биле уништени над полуостровот Крим – се наведува во соопштението.
Цел на беспилотните летала камикази биле рафинериите Славјанск-ЕКО и Илски и фабриката за битумен.
Телеграмскиот канал SHOT наведува дека околу 4 часот одекнале експлозии во предградието Славјанск во Кубан. Снимките покажуваат пожар во еден од капацитетите на рафинеријата, додека официјални лица наведуваат дека складиштето за нафта не е оштетено.
Tonight, Ukrainian forces conducted another successful drone attack on the Russian Slavyansk-na-Kubani refinery in Krasnodar Oblast, with multiple drones hitting the facility.
Seen below, a Ukrainian one-way attack drone slams into the burning Russian refinery. pic.twitter.com/nZDqi2Bi0l
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2024
Жителите известуваат дека звукот на моторите претходно се слушал на небото и дека експлозиите одекнувале речиси 30 минути.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.