Свет
Родителите на убиените деца од Тексас сакаат да ги тужат производителите на оружје

Таткото на десетгодишниот Амери Џо Гарза, кој беше убиен во училиште во Јувалде, Тексас, ги направи првите чекори кон тужба против компанијата „Даниел Дифенс“, производител на полуавтоматска пушка која изврши масовно убиство.
Адвокатите на Алфред Гарза побараа од компанијата да обезбеди информации за тоа како да ги рекламира своите производи на помладата публика.
„ Ве молиме да ни ги дадете информациите сега, за да не чекате господинот Гарза да ги побара на суд“, се вели во писмото.
Компанијата со седиште во Грузија не одговори на барањето за коментар, јавува Гласот на Америка.
18-годишниот убиец од Јувалде, Салвадор Рамос, на 24 мај упаднал во основно училиште и уби 19 деца и двајца учители. Полицијата го убила на лице место. Рамос легално купил пушка за својот 18-ти роденден, на 17 мај.
Производителите на оружје се заштитени со закон според Федералниот закон (PLCAA) во случај да се изврши кривично дело со нивното оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ги удвојувам царините за Канада, еден ден ќе биде дел од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги удвои планираните царини за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, што ја ескалира трговската војна со северниот сосед на САД.
Трамп вели дека зголемувањето на тарифите што ќе стапи на сила во среда е одговор на зголемувањето на тарифите наметнато од провинциската влада на Онтарио за електричната енергија продадена на Соединетите држави.
„Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде дополнителни царини од 25 на 50 отсто, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада, една од нациите со највисоки тарифи во светот“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.
„Единственото нешто што би имало смисла е Канада да стане нашата сакана 51-та држава. Тоа целосно ќе ги елиминира сите царини и сè друго. На Канаѓаните би им бидат значително намалени даноците, би биле побезбедни од кога било досега, нема да има повеќе проблеми на северната граница, а најголемата и најмоќната нација во светот би била поголема, подобра и посилна од кога било“, напиша Трамп.
„Вештачката линија на поделба нацртана пред толку многу години конечно ќе исчезне, а ние ќе ја имаме најбезбедната и најубавата нација насекаде во светот – и вашата брилијантна химна, „О Канада“, ќе продолжи да свири, но ќе претставува голеема и моќна федерална држава во најдобрата нација што светот некогаш ја видел!“ напиша Трамп.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд рече дека покраината нема да отстапи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави удвојување на тарифите како одговор на извозниот данок на електрична енергија од Онтарио од 25 отсто.
Тој потврди дека може целосно да ја прекине струјата што доаѓа од таа канадска провинција во САД.
Свет
Русиja: Бројот на загинати во украинскиот напад се искачи на пет лица

Бројот на загинати во украинскиот напад во руската област Курск се искачи на пет, изјави денеска локалниот гувернер.
Александар Хинштајн претходно објави дека три лица се убиени, а девет се ранети по удар во трговски центар во селото Белаја.
Претходно, руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 337 украински беспилотни летала, што се смета за најголем напад со украински беспилотни летала врз Русија во последните три години.
Најмногу беспилотни летала, 126, биле соборени над областа Курск, додека 91 биле соборени во регионот на Москва.
Свет
Украински функционер: Можеме да ја погодиме Москва во секое време, ова беше порака до Путин

Синоќешниот напад со беспилотни летала врз Москва, најголем во последните три години војна, беше обид да се охрабри Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот, изјави украински официјален претставник.
Според Андриј Коваленко, шеф на украинскиот владин Центар за борба против дезинформации, нападот бил дизајниран како „уште една порака до Путин дека треба да биде заинтересиран за прекин на огнот во воздухот“.
„Не се работи само за рафинериите за нафта, беспилотните летала можат да ја погодат Москва во секој момент“, рече Коваленко.
Во пресрет на разговорите во Џеда, украинските власти предложија прекин на огнот во воздух и море, но не и на копно.