Свет
Родителите си ги убиле децата во Калифорнија, телата сè уште не се пронајдени
Жаклин и Трезел Вест, пар од Калифорнија, се обвинети за убиство на своите посвоени момчиња Орин (4) и Орсон (3). Обвинителите веруваат дека децата биле убиени неколку месеци пред Вест да повика полиција. Се проценува дека тоа било на почетокот на септември 2020 година.
Вест (36) на 21 декември 2020 година се јавил во полицискиот оддел во Калифорнија и пријавил дека децата се исчезнати, пишува „Мирор“.
Во аудиоснимката од повикот, која била пуштена на суд, Вест ѝ рекол на полицијата дека момчињата исчезнале додека си играле во дворот.
In the case of Orrin and Orson West, Smith told the jury the boys are dead and they didn’t die at the same time. According to Smith, one of West’s children said he witnessed one of the boys die and said the other later disappeared.https://t.co/WPcLi9OkIs
— KGET 17 News (@KGETnews) March 29, 2023
Обвинителството тврди дека парот ги посвоил момчињата со намера да живеат од парите што ќе ги добијат за грижата за нив.
Обвинителот Ерик Смит тврдел дека тие ја планирале смртта со непознато лице, кое потоа ги убило двете мали деца.
На многу локации во Калифорнија и Бејкерсфилд беа извршени опсежни претреси, вклучително и ексхумација, но не биле пронајдени тела.
Адвокатот на двојката, Тимоти Хенеси, рекол дека децата се исчезнати и дека на полицијата ѝ било полесно да ги обвини родителите отколку да ги пронајде момчињата.
„Во обвинението било наведено дека родителите им се заканувале на сведоците, незаконски ги спречувале да дадат исказ, поттикнувале лажно сведочење и го попречувале судскиот процес“, се наведува во обвинението.
Судењето продолжува, а обвинетиот пар се изјасни за невин за убиство од втор степен, убиство од небрежност и заговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.