Европа
Рот: ЕУ треба да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, рече дека Европската Унија треба да ја преиспита идејата да им се даде поголема слобода за патување на оние кои се вакцинирани против Ковид-19, како и да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација (т.н. пасоши), јави „Ројтерс“.
За време на министерскиот состанок на ЕУ во јануари, потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, ја навести можноста за воведување на „електронски сертификати за вакцинација“, додека самиот Михаел Рот во тоа време забележа дека е од витално значење да се утврди дали вакцинираните лица, сепак, можат да пренесат зараза на други лица.
Претходно денес „Фајненшл тајмс“ објави дека грчкиот министер за туризам Хари Теохарис ги повикал европските лидери брзо да ја прифатат идејата за сертификати за вакцинација, што ќе овозможи продолжување на патувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Фон дер Лајен: Светската трговија се врти кон Европа

Светската трговија се насочува кон Европа затоа што другите земји сакаат договори со ЕУ, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на ЕК на митингот на Европската народна партија во Валенсија истакна дека Европската унија „веќе има најголема мрежа на договори за слободна трговија, 76 од нив“ со земји од целиот свет.
„Сега светската трговија се свртува кон нас“, смета фон дер Лајен, во време кога светот е загрозен од воведувањето на американските царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април.
„Сега соработуваме со Индија и Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, Филипините и Малезија, со Пацификот. Сите тие сакаат договор со нас. Бидејќи ние сме фер, сигурни и играме според правилата“, нагласи таа. „Затоа, да останеме на тој пат, со ладна глава и обединети“, рече таа.
Фон дер Лајен изјави дека ЕУ мора паралелно да работи на зајакнување на својот единствен пазар преку елиминирање на непотребните национални бариери, борба против фрагментацијата и бирократијата.
Европа
(Видео) Пукање во Шведска, најмалку тројца убиени

Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, потврди шведската полиција. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.
Пукањето се случило во пресрет на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.
Shocking news from Uppsala-Sweden
Multiple fatalities in a shooting at Vaksala Square. Police confirm several injured, TV4 reports more victims deceased. Serious incident unfolding. #UppsalaShooting pic.twitter.com/nGPTd05Tmw— Niyak Ghorbani (نیاک) (@GhorbaniiNiyak) April 29, 2025
Шведските медиуми јавуваат дека маскираниот убиец избегал со електричен скутер и дека е во тек голема потрага, вклучувајќи го и учеството на полициски хеликоптер.
Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.
Идентитетите на жртвите и напаѓачот засега не се познати, ниту пак мотивот за нападот.
Европа
Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил лекуван таму, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти денес Министерството за здравство. Полицијата извести дека осомничениот утрината упаднал на Одделот за ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.
Мажот неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во стомакот. Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обиделе да му пружат помош на докторот, тој им подлегнал на тешките повреди.
Обезбедувањето на болницата го совладало напаѓачот, а потоа тој е приведен.
Директорот на болницата, Марцин Једриховски, за новинската агенција ПАП изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел жалба против болницата до омбудсманот за права на пациентите.
Сепак, инспекцијата не открила никакви грешки во методот на лекување. Полската министерка за здравство Изабела Лешчина изјави дека е згрозена од нападот.