Свет
РТ: Мала држава во Европа ја победи короната, бидејќи не е членка на ЕУ
Мала земја во Европа, со 34.000 жители, може да здивне откако вакцинираше над 70% од населението и се подготвува да прогласи крај на пандемијата.
Станува збор за Сан Марино, а победата над коронавирусот може да се припише на фактот дека земјата не е членка на ЕУ, затоа не мораше да ги следи строгите правила на регулаторните тела на Унијата за кои вакцини може употреба, пишува „Раша тудеј“.
Според текстот, властите во Сан Марино решиле да ја набават и руската вакцина „спутник В“ и со тоа вакцинирале добар дел од населението. Сега, нивните експерти направија анализа што укажува на тоа дека сите оние кои примиле „спутник В“ развиле многу малку несакани ефекти и добиле доволна количина антитела.
Истражувањето го опфати периодот од 4 март до 8 април и во него учествуваа околу 2.500 лица, на возраст од 18 до 89 години.
Исто така, наведено е дека вакцината покажала ефикасност од 91,6 проценти во различни возрасни групи, како и ефикасност од 100 проценти во случај на различни видови коронавирус.
Со тоа Сан Марино го премина прагот од 70% од целосно имунизираното население уште во мај. И бидејќи не е земја членка на ЕУ, властите во Сан Марино не мораа да ги земаат предвид строгите правила на ЕУ според кои „спутник В“ сè уште не е регистриран и одобрен. Исто така, покрај руската вакцина, Сан Марино ја користеше и вакцината на „Фајзер“.
Со оглед на бројот на целосно вакцинирани, Сан Марино сега ги повлекува рестриктивните епидемиолошки мерки, додава РТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.
Свет
(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.
⚡️ BREAKING: A drone struck Dubai International Airport
People in the city are being evacuated to underground parking lots. pic.twitter.com/EKpwLO37zu
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Градот беше евакуиран по инцидентот. Луѓето се засолнуваат во подземните паркинзи.
Dubai Airport after it was hit by Iranian drone strike.
Several people were injured. https://t.co/IutIoaHa3D pic.twitter.com/Qz7IfW3Xv7
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Како што пренесуваат странските медиуми има повредени лица.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.

