Свет
Рубио: Кинеското влијание врз Панамскиот Канал претставува закана, статус кво е неприфатливо
Американскиот државен секретар Марк Рубио вчера во разговор со панамскиот претседател Хозе Раул Мулен изјави дека централноамериканската земја треба да го намали кинеското влијание врз Панамскиот Канал и предупреди дека во спротивно Вашингтон ќе преземе мерки за заштита на своите права во согласност со договорот на САД со Панама.
Според портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, Рубио изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака да го задржи ова статус кво во врска со Панамскиот Канал со оглед на зголеменото влијание на Кина во регионот, пренесува Еј-ен-ен.
Според неа, Рубио ја информирал Мулина дека Трамп донел прелиминарен заклучок дека моментната состојба на влијание и контрола на Кинеската комунистичка партија над зоната на Панамскиот Канал претставува закана за каналот и претставува кршење на договорот за постојана неутралност и операција на Панамскиот Канал. Брус нагласи дека „ова статус кво е неприфатливо“ и дека „во отсуство на итни промени САД ќе мора да ги преземат неопходните мерки за заштита на своите права според договорот“.
По средбата, Мулино рече дека Панама нема да го обнови меморандумот за разбирање со Кина за приклучување кон иницијативата „Појас и пат“ и посочи дека договорот може да заврши предвреме.
Тој рече дека Панама ќе настојува да соработува со САД во поглед на нови инвестиции, вклучително и инфраструктурни проекти.
Мулино истакна дека за суверенитетот над Панамскиот Канал не може да се преговара. Панамскиот претседател понуди помош за репатријација на некои мигранти доколку САД платат за тоа.
Панама претходно категорично одби да ѝ ја отстапи контролата над Панамскиот Канал на Кина инсистирајќи на тоа дека Панама ќе управува со сообраќајот преку оваа важна поморска рута што го поврзува Атлантикот со Тихиот Океан, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА

