Свет
Русин уапсен од ФБИ поради перење пари и трговија со оружје
САД го уапсиле рускиот државјанин, Дмитриј Макаренко, во Сајпан, на Северните Маријански Острови, под сомнение за нелегална трговија со оружје и перење пари.
Против Макаренко е покренато обвинение во Флорида, каде што во моментов се наоѓа, јавува агенцијата АП.
Обвинението е покренато во 2017 година, а Макаренко се товари дека нарачувал оптика за снајперски пушки со ноќно осветлување и каписли за муниција. Русинот бил уапсен на 29. декември.
Руската амбасада во САД побара пристап до Макаренко, кој бил уапсен по барање на ФБИ.
„Рускиот државјанин Дмитриј Викторович Макаренко, роден во 1979 година, пристигнал на Северните Маријански Острови на 29. декември, заедно со неговата сопруга, децата и родителите. Го уапсиле агенти на ФБИ на аеродромот, веднаш по пристигнувањето“, се вели во соопштението на руското Министерство за внатрешни работи.
Според информациите, руската амбасада продолжува да бара конзуларен пристап до Макаренко, кој, како што вели, според конвенцијата за конзуларни односи, требало да биде одобрен до 2. јануари.
Претходно денеска, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Ријабков, изјави дека Русија не е подготвена за размена во која би бил вклучен Пол Велан, поранешен американски маринец кој неодамна беше уапсен во Москва под сомнение за шпионажа, пренесе новинската агенција „Интерфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.