Европа
Русите влегоа во украинскиот град Кремина – почнаа улични борби, невозможна е евакуација

Руските сили влегоа во Кремина, град во источниот регион Луганск кој е бомбардиран со недели, а руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер, пренесе Си-ен-ен.
„Русите влегоа во Кремин. Започнаа улични борби. Русите влегоа во градот со огромна количина на воена опрема“, рече Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во кусата објава на Фејсбук рано во понеделникот. „Офанзивата започна“, додаде тој.
Русите се обидуваат да го скршат украинскиот отпор во Кремина и низа градови во Луганск и се обидуваат да напредуваат кон границите на регионите Луганск и Доњецк – што е целта на „специјалната воена мисија“ на претседателот Владимир Путин, а евакуацијата е сега е невозможна, рече Хаидаи.
„Планиравме евакуација, буквално по шумски патеки, за луѓето да се спасат. Но, преку ноќ ситуацијата се промени. Борбите почнаа во градот, нереално е да се пребројуваат цивилите кои останаа таму“, рече Хајдаи и додаде дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега зафаќа површина од 2.400 квадратни метри, пренесе Си-ен-ен.
„Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума“, рече тој. Хаидаи рече дека во другите делови на регионот две лица загинале, а четворица се повредени, додека седум лица биле извлечени од урнатините на зградата урната во Рубижне.
Руските сили пукаа во полициска зграда во Лисичанск во неделата вечерта, рече Хаидаи, при што беа ранети шест полицајци. Гранатирањето продолжува“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украински дрон нападна рафинерија на 1400 километри од границата: Русите пукаа, но залудно

Украински дрон ја погоди рафинеријата Орск (Orsknefteorgsintez) во регионот Оренбург, објавија украинските канали на Телеграм. Рафинеријата се наоѓа на околу 1.400 километри воздушна линија од украинската граница.
Голема руска рафинерија
Рафинеријата има капацитет за преработка од приближно 6,6 милиони тони нафта годишно. Фабриките произведуваат бензин, дизел гориво, керозин за авијација, масло за греење, битумен и мазива.
The Orcs in Orsk, Orenburg Oblast 🇷🇺 filming the moment our BEAUTIFUL drones destroy yet ANOTHER oil refinery 😍🔥 pic.twitter.com/kdp7E2qjzZ
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) October 3, 2025
Русите се обидоа да го соборат дронот, но безуспешно
Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „Љути“. Според геолокираните материјали, погодена е хидропреработувачката единица LCh-24-2000 за бензин и дизел, модернизирана во 2014 година за подлабоко прочистување на горивото и усогласување со новите еколошки стандарди, пишува украински блогер.
Orcs treated Lutyi’s arrival like a village festival 🫡#Orsk pic.twitter.com/I4wsCvORCi
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 3, 2025
Објавената снимка прикажува украински дрон кој руските ад хок противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Треба да ја бојкотираме Евровизија ако Израел биде исклучен

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија треба да се повлече од следниот Евровизиски натпревар во Виена доколку Израел биде исклучен.
На прашањето во интервју за АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот, конзервативниот политичар одговори: „Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму.“
Земји од Европа и пошироко ги поднесуваат своите песни за Евровизискиот натпревар, а настапите ги оценува национално жири и јавно гласање. Притисокот врз организаторите на натпреварот расте со недели, а неколку радиодифузери, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Ирска и Холандија, се закануваат дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество, наведувајќи ја воената акција на земјата во Појасот Газа.
Националните радиодифузери играат централна улога на Евровизискиот натпревар, со оглед на тоа дека официјални претставници на нивните земји во рамките на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), се одговорни за изборот на нивните учесници, координирање на преносите во живо и надгледување на процесот на гласање.
ЕБУ кон крајот на минатиот месец изјави дека ќе одржи онлајн состанок на сите членови во ноември за да гласаат за учество на натпреварот во 2026 година. Следниот Евровизиски натпревар треба да се одржи во Виена во мај 2026 година. Големи јавни протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар се случија оваа и минатата година.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците погодија нафтено складиште на Крим, избувна огромен пожар

Русија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 251 украински дрон во текот на ноќта, додека украинската страна објави дека погодила складиште за нафта на привремено окупираниот Кримски полуостров.
🔥The largest oil depot in temporarily occupied Crimea is on fire in Feodosia.
According to monitoring channels, a fuel tank exploded after a probable drone attack. 😏
The occupation authorities have not commented on the situation yet.👀 pic.twitter.com/gzCVL69JwG
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) October 6, 2025
Според руското Министерство за одбрана на Телеграм, руските сили собориле поголем дел од украинските дронови над југозападниот регион на земјата, вклучувајќи 61 над Црното Море и еден што летал кон Москва. Министерството само го навело бројот на уништени дронови, но не и колку од нив ги лансирала Украина.
Украинските канали на Телеграм објавија дека голем пожар избувнал по нападот врз складиште за нафта во Феодосија, на кримскиот брег покрај Црното Море. Според РБЦ-Украина, како резултат на нападот експлодирал резервоар за гориво во складиштето.
Според проукраинскиот канал „Krymskyi Viter“, експлозии се слушнале во неколку области низ украинскиот полуостров.
Crimean Telegram channels report a large fire at an oil depot in Feodosia (Russian-occupied Crimea) after a drone attack. pic.twitter.com/S9kLRFs25E
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 6, 2025
Според каналот, првата цел бил аеродромот „Саки“ во Новофедоривка. Експлозиите таму започнале околу 00:23 часот, по што набргу потоа биле активирани системи за воздушна одбрана против беспилотни летала.