Свет
Русите воведуваат построги казни за оние кои пишуваат за нападите на Крим на социјалните мрежи

Гувернерот на Крим, поставен од Русија, објави нов закон со кој се заоструваат казните за ширење информации за воени активности во регионот.
Сергеј Аксјонов наведува дека е започнат процес за промена на законот за казни за оние кои споделуваат информации за воени и стратешки објекти, системи за противвоздушна одбрана и други одбранбени системи, како и за резултатите од, како што вели, терористичките напади извршени од режимот во Киев.
Ова вклучува споделување информации на социјалните мрежи, преку приватни канали за пораки, споделување фотографии или видеа и јавни дискусии, пишува „Скај њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Спасени четири лица од урнато училиште во Мјанмар

Противпожарната служба на Мјанмар извести дека четири лица се спасени од урната училишна зграда во регионот Сагаинг, додека едно тело е пронајдено на местото на несреќата.
Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините за евентуални преживеани.
Свет
„Економист“: Избори во Украина можеби ова лето; Зеленски кандидат за втор мандат

Претседателските избори во Украина би можеле да се одржат уште ова лето, а актуелниот претседател Володимир Зеленски има намера да се кандидира за втор мандат, пишува британски „Економист“, повикувајќи се на извори во украинската влада.
Според неименувани извори, Зеленски свикал состанок минатата недела за да му наложи на својот тим да организира гласање по целосниот прекин на огнот, за кој Американците веруваат дека може да се спроведе до крајот на април.
Весникот го наведува Велигден, 20-ти април, како веројатен датум за прекин на огнот.
Укинувањето на воената состојба е неопходен прв чекор кон започнување на изборниот процес.
Изворите наведуваат различни датуми за избори, но повеќето веруваат дека Зеленски смета на изборите да се одржат во лето.
Според законот, пред одржувањето на изборите треба да поминат најмалку 60 дена, колку што трае изборната кампања, па најраната можна опција е почетокот на јули.
Некои извори велат дека кампањата ќе трае три месеци бидејќи изборните власти му наложиле на парламентот дека ќе биде потребно толку време за ажурирање на избирачките списоци поради војната.
Економист сугерира дека и американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „биле иритирани од тврдоглавоста на Зеленски“ и го туркале да одржи избори среде војната, убедени дека украинските гласачи ќе им направат услуга со тоа што ќе го сменат од функцијата.
Според весникот, се верувало дека Зеленски е категорично против одржувањето на изборите пред само два месеци, но третманот на Трамп кон него на почетокот на март го зголемил неговиот рејтинг и ги променил неговите пресметки.
Сега се во тек сериозни подготовки Зеленски да се појави пред гласачите по втор пат, и тоа наскоро, пишува „Економист“.
Поранешниот украински претседател и лидер на партијата „Европска солидарност“, Петро Порошенко, предвидува дека изборите би можеле да се одржат „во секое време од август до октомври“ и тврди дека кампањата всушност започнала со одлуката на Зеленски да воведе санкции против него во февруари.
Висок владин извор изјави за британскиот весник дека Порошенко „и ја преценува и потценува својата важност“.
Неименуваниот функционер верува дека Зеленски ќе се обиде да ги изненади своите ривали со изборите во јули, надевајќи се дека краткиот рок ќе му овозможи да се кандидира без противници.
Изворот, исто така, смета дека таквиот пресврт на настаните би бил од корист не само за Зеленски, бидејќи „долга кампања би ја поделила земјата“.
Свет
Трамп: Лут сум на Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта, доколку почувствува дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина, а тие би можеле да стапат во сила во рок од еден месец доколку не дојде до прекин на огнот.
Трамп изјави за „Ен би си њуз“ дека бил лут и изнервиран кога рускиот претседател Владимир Путин го критикувал кредибилитетот на раководството на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп вели дека планира да разговара со Путин оваа недела.
За време на неговата претседателска кампања во 2024 година, Трамп постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, смешната војна во Украина, а тој беше силно фокусиран на ова прашање откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп побара нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.
Путин во петокот предложи Украина да биде ставена под привремена администрација за да се овозможат нови избори и потпишување клучни договори.
„Ако Русија и јас не можеме да постигнеме договор за запирање на крвопролевањето во Украина, и ако верувам дека за тоа е виновна Русија, ќе воведам секундарни царини за нафтата, за целата нафта што доаѓа од Русија“, рече Трамп.
„Тоа би значело дека ако купувате нафта од Русија, не можете да работите во САД“, додаде Трамп.
Тој рече дека царините за руската нафта би стапиле на сила во рок од еден месец без договор за прекин на огнот. Трамп велика дека Путин знае дека е лут на него, но нагласи дека имаат многу добри односи и дека лутината брзо ќе стивне ако ја направи вистинската работа.