Европа
Русите го срамнија градот Буча – 300 луѓе во масовна гробница, тела лежат на улица

Украинците оваа недела го ослободија Буча, град во близина на Киев, а на социјалните мрежи се појавија снимки од разурнатиот град.
Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко објави видео на Твитер, со кое напиша дека градот е целосно срамнет со земја, пренесува Би-би-си.
– Пред еден месец Буча беше прекрасно, модерно предградие на Киев. Денес се гледаат само амбари бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или срамнети со земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани – напиша Герашченко.
Bucha a month ago – a beautiful modern #Kyiv suburb. #Bucha now- stables bombarded and burned, houses robbed to the last spoon, or wrecked to the ground, young families killed, men gone missing, women raped.
wrecked, robbed houses, wrecked or lost lives. #StandWithUkraine pic.twitter.com/FNKbyzdYHr
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 1, 2022
Имаше информации и дека во Буча е пронајдена масовна гробница и дека во неа има околу 300 тела.
Репортерот на АФП јави дека само на една улица биле пронајдени 20 мртви луѓе. Тој рече дека луѓето носеле цивилна облека. На еден маж му биле врзани рацете, а на другите тела имало видливи повреди на главата. Мртвите тела на мажите лежеле на улица. Две тела лежеа покрај велосипеди и едно до автомобил.
My brother sent this to me. Town of Bucha northwest of Kyiv. The amount of dead citizens on one street alone…I just can’t even process. pic.twitter.com/KOSwISih6N
— Viktoriia ???? (@ViktoriiaUAH) April 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.
Европа
Зеленски е поканет на важен состанок на ЕУ за европската одбрана

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и на европската одбрана.
„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања поврзани со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите членки на ЕУ.
Вонредниот самит што ќе се одржи за една недела ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.
„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3 февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и со идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.
Во однос на Украина, „постои нов момент што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.
„Европската Унија и нејзините земји членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
„Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции, кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.
Европа
(Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина, кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот по смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.